Услови за користење

Со пристапување и користење на оваа веб-локација на Групацијата SKF, односно AB SKF и / или кои било нејзини партнери („SKF“), се согласувате со следниве услови:

Одрекување од гаранција и Ограничување одговорност
Иако се преземени сите мерки за да се обезбеди точност на информациите на оваа веб-локација, SKF ги обезбедува овие информации „КАКВИ ШТО СЕ“ и СЕ ОДРЕКУВА ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ ЗА КУПОПРОДАЖНА ВРЕДНОСТ И ПОГОДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА. Потврдувате дека вашата употреба на оваа веб-локација е единствено на ваш ризик, дека преземате целосна одговорност за сите трошоци кои произлегуваат од употребата на оваа веб-локација, како и дека SKF нема да одговара за какви било директни, случајни, последични или индиректни штети како резултат на вашиот пристап или употреба на информациите или софтверот достапни на оваа веб-локација.

Сите гаранции и тврдења во оваа веб-локација за производите или услугите на SKF кои ги купувате или користите ќе подлежат на договорените услови во договорот за тие производи или услуги.

Покрај тоа, кога станува збор за веб-локации што не се во сопственост на SKF, а кои се спомнати на нашата веб-локација или се појавуваат хиперврски кои водат до нив, SKF не дава гаранции во однос на точноста или веродостојноста на информациите на овие веб-локации и не презема одговорност за материјалите создадени или објавени од трети страни, а содржани во тие веб-локации. Дополнително, SKF не гарантира дека оваа веб-локација или другите веб-локации до кои се поставени врски не содржат вируси или други штетни елементи.

Авторски права
Авторските права за оваа веб-локација и авторските права за информациите и софтверот достапни на веб-локацијата им припаѓаат на SKF или на давателите на лиценците. Сите права се задржани. За сите лиценцирани материјали е наведен давателот на лиценцата кој на SKF и дал право да го користи материјалот. Информациите и софтверот достапни на оваа веб-локација не смеат да се умножуваат, удвојуваат, копираат, пренесуваат, дистрибуираат, складираат, менуваат, преземаат или да се користат на друг начин за какви било комерцијални цели без претходно писмено одобрение од SKF. Меѓутоа, тие можат да се умножуваат, складираат и преземаат за употреба од поединци без претходно писмено одобрение од SKF. Овие информации или софтвер не смеат да им се обезбедуваат на трети страни во никакви околности.

Заштитни знаци и патенти
Сите заштитни знаци, имиња на брендови и логоа на компании прикажани на веб-локацијата се сопственост на SKF или неговите даватели на лиценци и не смеат да се користат на кој било начин без претходно писмено одобрение од SKF. За сите заштитни знаци објавени на оваа веб-локација е наведен давателот на лиценцата кој на SKF и дал право да го користи заштитниот знак. Со пристапот на оваа веб-локација корисникот не добива какви било лиценци под какви било патенти што се во сопственост на SKF или за кои лиценцата ја поседува SKF.

Промени
SKF го задржува правото да врши промени или дополнувања на оваа веб-локација во секое време.
SKF logo