Преносни електрични алати

SKF нуди целосен асортиман од лежишта што придонесуваат за подолг работен век и помали мотори, немаат потреба од повторно подмачкување, овозможуваат ниско ниво на вибрации, заштеда на енергија, имаат мала тежина и генерираат ниско ниво на топлина.

Главните средства за оптимизирање на вашите апликации се специјалните материјали, специјалната топлинска обработка, специјалните заптивки и теоријата на SKF за животниот циклус, којашто го покажува патот кон бесконечен живот на лежиштето.

Лежиштата на SKF за електрични алати се достапни и за специјални потреби: лежишта со керамички топчиња за повисока брзина, како и производи за линеарно движење - ги приспособивме нашите ресурси за да им излеземе во пресрет на вашите потреби, а вашите цели да станат наши цели.

За да ви помогнеме да развивате нови производи побрзо, воведовме симултано инженерство овозможувајќи ви директен и отворен пристап до нашиот процес, развој на производи и експертиза за апликациите во индустријата за електрични алати.

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo