Авионска индустрија

SKF е водечки светски добавувач на широк асортиман решенија за авионската индустрија опфаќајќи лежишта, заптивки, шипки, потпирачи, прецизни уреди од еластомер и опрема за електронски системи за контрола на авионски трупови, мотори за авио-индустријата и менувачки кутии.

Со присуство во целиот свет, SKF Aerospace ги опслужува сите чинители во авиоиндустрија и ги поддржува во развојот на нивните нови програми. Големите играчи и нивните добавувачи, производителите на оригинална опрема и компаниите за одржување, поправка и ремонт, добиваат квалитетни резервни делови од SKF, како и сеопфатни ремонтни услуги и легирани челици со високи перформанси за примена во авионската индустрија.

Повеќе од 2600 лица во 10 индустриски локации можат да ви ги понудат најиновациските решенија базирани на повеќе од 100 годишното искуство во авиоиндустрија.

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo