Автомобили и лесни камиони

Миграција кон поголема енергетска ефикасност

слика

Како резултат на сè повисоката еколошка свест и сè построгите закони за емисии на издувни гасови, индустријата за моторни возила минува низ период на досега невидени промени. Компјутерската технологија навлегува во контролата и надзорот кај многу системи на моторните возила. Новите материјали, како што се лесните легури, освен во ексклузивните автомобили почнуваат да се применуваат и во сериското производство, а новите технологии овозможуваат дополнителни намалувања на емисиите на издувни гасови.


Овие и другите промени претставуваат одлични можности, но и тешки предизвици за оние што проектираат возила и системи за возила. Со повеќе од еден век експертиза во автомобилската индустрија, SKF е тука да помогне.

Намалени емисии на CO2 - сега достапно од SKF

Први во светот ги развивме единиците со лежишта за главчина и првите специјално дизајнирани заптивки за масло во моторот. Денес, SKF нуди целосно портфолио од производи и услуги за намалување на емисиите на CO2 - од лежишта и заптивки до лежишта со сензори и целосни решенија за погонски агрегати. Нудиме и комерцијален софтвер што може да ги пресметува намалувањата на емисиите на CO2 и кај постојните и кај идните концепти за погонски агрегати.

Без разлика со какви предизвици се соочувате, SKF може да ви помогне да ја развиете следната генерација на решенија со ниско ниво на триење и мала тежина, за да ги намалите емисиите и потрошувачката на гориво и да бидете конкурентни на пазарот што брзо се менува.

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo