Компресори

Тешки работни и пазарни услови

Без оглед на дизајнот или примената, индустриските компресори отсекогаш биле изложени на тешки работни услови. Денес, пазарните и регулативните услови стануваат подеднакво тешки.

Сè поголемата глобална побарувачка е двигател на глобалното производство и конкуренција. Повисоките цени на енергијата и построгите владини регулативи поттикнуваат развој на единици што се одликуваат со поголема енергетска ефикасност и помало загадување на животната средина. Крајните корисници ширум светот бараат производи подготвени за користење и решенија со целосна поддршка.

SKF може да помогне

Како водечки добавувач на лежишта и инженерски решенија за индустријата за компресори, SKF со децении им помага на производителите на оригинална опрема и лицата што ракуваат со истата да се справат со овие и со други предизвици во однос на перформансите.

Во тесна соработка со водечките производители, SKF развива иновациски инженерски решенија и напредува во дизајнот на лежишта. Овие решенија овозможуваат производство и работа на компресори што се побезбедни и се одликуваат со подобри перформанси и поголема енергетска ефикасност.

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo