Градежништво

Под притисок за постигнување резултати во работата

И покрај тешките оптоварувања и услови, работниците во градежништвото се под притисок да извлечат максимум од опремата за да одржат високо ниво на продуктивност и малку застои. Од друга страна, производителите на опрема се под притисок да произведуваат производи со подобри перформанси и функционалност, а сето тоа за конкурентна цена и во согласност со регулативите за емисии на издувни гасови.
SKF може да помогне
Во својата потрага по поконкурентни решенија, голем број од врвните производители на опрема во светот се обратија до SKF за помош. Благодарение на своето опширно искуство во градежните механизациони машини и широкиот асортиман од производи и решенија, SKF може да обезбеди целосно интегрирани и оптимизирани решенија.

Од совршено приспособени решенија, до докажани стандардни производи, SKF обезбедува решенија кои нудат придобивки кај перформансите на следната генерација градежна опрема:
  • Намалување на потрошувачката на гориво
  • Намалување на влијанието врз животната средина
  • Зголемување на сервисните интервали
  • Подобрување на состојбата на машините и управувањето со средствата 
  • Зголемување на ергономијата и удобноста на работникот

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo