Алатни машини

Висока побарувачка за високи перформанси

Перформансите на алатните машини играат сè поважна улога во ефикасноста на производството и квалитетот на производите. Денешните клиенти кои купуваат алатни машини бараат производители кои можат да ги задоволат нивните потреби за високи перформанси. За да се остане конкурентен на глобалниот пазар, исклучително важно е да се испорачуваат машини што комбинираат висока брзина и прецизност.

Има подеднакво висока побарувачка и за понадеѓни и енергетски поефикасни машини и компоненти. Корисниците сакаат производи кои не бараат многу одржување, имаат мало влијание врз животната средина - и уште пониски работни трошоци. Од тоа зависи профитабилноста.
SKF може да помогне

Со децении, ние бевме посветен партнер и добавувач во индустријата за алатни машини. Користиме стотици алатни машини и во нашите производствени погони ширум светот. Затоа, ги разбираме вашите технички и деловни предизвици и ги гледаме вашите можности. Нашите оптимизирани производи и решенија можат да ви помогнат да ги реализирате тие можности. 


Благодарение на своето темелно познавање на лежиштата и единиците, системите за подмачкување, заптивките, мехатрониката и услугите, SKF може да им помогне на производителите на алатни машини да развијат производи што: 

  • Ги намалуваат трошоците на животниот циклус
  • Ги зголемуваат брзината и прецизноста на машините
  • Го намалуваат времето на нефункционалност и ја зголемуваат продуктивноста 
  • Го зголемуваат работниот век
  • Го зголемуваат гарантниот рок
  • Го намалуваат одржувањето 
  • Ја зголемуваат енергетската ефикасност 
  • Го намалуваат влијанието врз животната средина

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo