Метали

Екстремни услови, силна конкуренција

Ретки се индустриите во кои има екстремни услови за работа како кај железарниците и погоните за обоени метали. Екстремни температури и брзини. Високи и постојани ударни оптоварувања. Абразивна прашина, агресивни хемикалии и висока влажност. Заедно, овие услови ја влошуваат состојбата на опремата, предизвикуваат непланирани застои и во најмала рака го отежнуваат ефективното одржување.

Денешните фабрики исто така се соочуваат со еднакво силна глобална конкуренција и еколошки испитувања. Заклучок? Потребата за зголемување на продуктивноста, профитабилноста и одржливоста е најголема досега.

SKF може да помогне
Со својата експертиза за лежишта и единици, заптивки, системи за подмачкување, мехатроника и услуги, SKF нуди уникатни системски решенија за разни фази од конкретните апликации и процеси.

Во нашите напредни алатки и технологии спаѓа и Управувањето со животниот циклус на SKF – докажан пристап за намалување на вкупниот трошок за сопствеништво на машините во секоја фаза, од спецификација и конструирање до работа и одржување. Решенијата на SKF можат да им помогнат на фабриките:
  • Да го зголемат производството
  • Да го намалат времето на непланиран застој
  • Да ги намалат работните трошоци
  • Да го подобрат квалитетот на производите
  • Да го намалат одржувањето
  • Да го намалат влијанието врз животната средина
  • Да ја подобрат безбедноста на работниците
  • Да ја надградат опремата

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo