Океанска енергија

Конкурентноста е исклучително важна

Океанска енергија
За долгорочна изводливост на секторот за океанска енергија, клучно е да се намали цената на оваа енергија до ниво што е конкурентно во однос на традиционалната енергија или енергијата од поморски ветерници.

Надминете ги предизвиците од областа на океанската енергија со помош на SKF

SKF има повеќедецениско искуство во работата со ветерната, поморската и хидроелектричната индустрија, како и со нафтената (offshore) индустријата ширум светот. SKF сега ги користи техничкото знаење и иновациски вештини стекнати од овие индустрии во синергија, за да се справува со предизвиците во областа на океанската енергија.
Нашиот тим за океанска енергија со седиште во Шкотска соработува со дизајнери на прототипски уреди и добавувачи на помошни компоненти, помагајќи им да создаваат стабилни дизајни уште во почетната фаза. Нашите напори помагаат тие да ги исполнат своите зацртани цели за достапност и производство во иднина.
Помагаме и да се оптимизира стратегијата за одржување и да се земат предвид прашањата околу можноста за одржување, препознавајќи ги тешките и непристапни околини во кои мора да работи опремата за океанска енергија.

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментот се достапни само на англиски јазик.
SKF logo