Нафта и гас

Предизвици во процесите на истражување, производство, транспорт и обработка

нафта и гас
Глобалната побарувачка за нафта и природен гас се очекува да се зголеми за 30 % во наредните 20 години. Веќе започна трката за наоѓање нови извори во процесот на истражување и за зголемување на ефикасноста во процесите на производство, транспорт и обработка, без оглед на тешките пазарни, работни и законски услови.


SKF може да помогне

Без разлика дали сте фокусирани на истражување и производство, транспорт и складирање или обработка и рафинирање, SKF ги има технологиите и алатите што ќе ви помогнат да бидете конкурентни.

Комбинирајќи ја експертизата за лежишта, заптивки, подмачкување и услуги со повеќе од 25-годишното искуство во индустријата, SKF нуди асортиман од интегрирани решенија што ќе ви помогнат: 
  • Да го зголемите производството
  • Да го намалите одржувањето
  • Да го продолжите работниот век на машините
  • Да ја намалите потрошувачката на енергија  
  • Да ги намалите трошоците

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo