Традиционална енергија

Создавање поголема ефикасност и надежност на процесите

Тоа е суштинската комбинација за успех на денешните електроцентрали. За да го постигнат тој успех, електроцентралите кои користат јаглен или комбинирано горив,о бараат начини да го оптимизираат производството - и покрај сè повисоките цени на горивото и повисоките трошоци за одржување, намалената работна сила и строгите прописи.

Постарите електроцентрали се ограничени поради старата опрема и недостатокот од искусен персонал. На поновите електроцентрали им требаат технологии за споделување информации за да ја одржат работната сила на минимално ниво, без дополнителни ризици за средствата и персоналот на електроцентралата.
SKF може да помогне
Со повеќе од 100 години експертиза за ротациони машини, SKF се грижи за перформансите на опремата и за надежноста во објектите за производство на енергија повеќе од две децении. Денес, нудиме единствен извор на широк опсег интегрирани решенија кои им помагаат на електроцентралите:
  • Да го зголемат производството
  • Да го оптимизираат одржувањето
  • Да го продолжат работниот век
  • Да ја подобрат безбедноста
  • Да ги намалат работните трошоци

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo