Трки

победа на трка
Лого на SKF Racing
SKF е ангажиран во трките речиси еден век. Ретки се околините (ако воопшто ги има) што нудат поинтензивни и покомплексни услови за тестирање од врвните трки. SKF обезбедува проектирани решенија за тркачките клиенти и за производителите на тркачка опрема низ светот. Областа Трки може да претставува директна платформа за тестирање и докажување на нови дизајни, нови техники и нови идеи. SKF Racing работи на приспособени проекти развиени за најамбициозните и најпрестижни производители во светскиот тркачки пазар. Од класичните сини Bugatti во 30-тите години на минатиот век со централна потпора за коленестото вратило со валчести лежишта, до денешните софистицирани и високо комплексни расни автомобили на Гран При трките, технологијата на SKF го помагаше преносот во менувачот и вртењето на брегастите осовини и тркалата. Од Гран При трките за автомобили и картинг, преку трките на камиони и мотоцикли, до овалните тркачки патеки на северноамериканскиот NASCAR, ќе го најдете SKF. Единицата за трки обезбедува техничка помош на Scuderia Ferrari, како нивен официјален добавувач, но и помош на други важни тимови во F1 и други шампионати: Ducati Corse во шампионатите Moto Gp и Granturismo, како и на тркачките тимови на Penske Racing во шампионатот NASCAR во САД.
Со новото партнерство од 2012 година со тимовите на Penske Racing, SKF доби можност да ги тестира своите производи во најтешките услови, во рамки на шампионатите NASCAR и IndyCar.

SKF Racing - двигател на иновации.

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo