Железници

Партнерство низ животниот циклус

Со концептот за партнерство низ животниот циклус, SKF ги применува сите свои технологии и експертиза за да им помогне на клиентите од железничката индустрија да ги надминат нивните економски и еколошки предизвици:
  • иновации за профитабилен и одржлив раст
  • развој и примена
  • управување со средства и репарација
  • локално присуство
Спецификација
Како лидер на пазарот и креатор на технологии, компанијата SKF е посветена на специјалните потреби на железничката индустрија и нуди приспособени решенија и производи.
Дизајн и развој
Платформите за знаење на SKF и докажаното практично искуство му овозможуваат на клиентот прецизна анализа и решение ориентирано кон иднината - врз основа на економските и еколошките услови.
SKF и неговите клиенти ги обединува не само партнерството, туку и тесната соработка и блискиот однос уште од почетокот, поттикнати од заедничките вредности: безбедност, квалитет, профитабилност и заштеда на енергија.
Производство и тестирање
SKF има искусен тим и совршени производствени стандарди, како и техники за обезбедување и контрола на квалитетот.
Клучот за долгорочна стабилност се ригорозните тестирања на перформансите и издржливоста, како во модерни платформи за тестирање, како и на терен, сертифицирани од видни квалификувани органи.
Инсталирање и пуштање во употреба
Услугата на SKF за инсталирање го нуди најдобриот сеопфатен сервис, од хомологација до монтажа на терен, вклучително и прирачници, документација и поединечна обука.
Високо обучениот локален тим за продажба и сервисно инженерство од SKF на клиентите од железничката индустрија им обезбедува специјализирано знаење за конкретната апликација, како и лична поддршка на локален јазик и за специфични потреби.
Глобалната железничка индустрија ги добива најдобрите сервисни компетенции преку моќните локални ресурси на SKF, застапувана преку 15.000 дистрибутерски локации во повеќе од 130 земји – за да ги обезбеди најдобрите можни логистички услуги.
Работа и надзор
SKF е неприкосновена во светски рамки кога станува збор за познавања во областа на надежноста на ротационите машини. Блиските работни партнерства со нашите клиенти ни овозможија уникатно и темелно разбирање на процесите и предизвиците карактеристични за секоја поголема индустриска гранка.
Како резултат на тоа, SKF се издвојува како добавувач на целосни решенија за максимална продуктивност на машините и фабриките. Почетното оштетување може да се открие и да се спречат механичките дефекти - за да се намалат трошоците низ животниот циклус.
Со користењето на системи за откривање на состојбата и со примена на софистицирани алгоритами за обработка на податоци може да се открие почетно оштетување и да се добие доволно време за поправки пред да се појават поголеми механички дефекти.
Одржување и поправка
Одржувањето и поправката што ги врши SKF обезбедуваат подолг работен век на производите и ги намалуваат непланираното одржување и непланираните застои. SKF нуди индивидуална стратегија за одржување и инженерски план.
SKF ги враќа првобитните перформанси на лежиштата користејќи врвни технологии, строги насоки за повторна употреба, напредни системи за репарација и извонредна контрола на квалитетот.
Како нови: максимална продуктивност, намалени трошоци на животниот циклус, перформанси и надежност како кај нов производ и намалено влијание врз животната средина. Кога врши репарација на лежишта, SKF ги користи истите квалитетни материјали, методи и машини што ги користи и за нивно производство.

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo