Камиони, приколки и автобуси

Дали сакате да ја зголемите надежноста, одржливоста и профитабилноста? Лежиштата за тркала на SKF имаат работен век од 1 милион километри и повеќе!

Со сè повисоките трошоци за гориво, патарини, возачи и искусни техничари, сопствениците на возните паркови знаат дека треба да бараат ефикасност во секоја област од нивното работење за да останат профитабилни. Потребата за зголемување на времето на функционалност на возниот парк и за намалување на вкупниот трошок за работа (TCO) претставува и предизвик и можност за производителите на камиони, приколки и автобуси. Помагајќи им на сопствениците и вработените во однос на суштинските прашања - надежност, ефикасност и безбедност - производителите можат да станат лидери на пазарот и да ја стекнат лојалноста на клиентите која во иднина ќе се исплати. Разбирливо е дека возните паркови ќе им даваат предност на производителите кои им помагаат да се справат со кратките рокови на испорака, да ги намалат трошоците за одржување и да ги избегнат непланираните дефекти што резултираат со загуба на профит, а некогаш и со загуба на клиенти. Можноста да се користат ресурсите на доверливите технички партнери ќе биде сè поважна додека производителите и директните добавувачи се справуваат со предизвиците на конкурентната индустрија.

SKF може да помогне

Благодарение на повеќе декади блиска соработка со водечките производители на камиони и приколки и нивните добавувачи на компоненти, SKF ги разбира двигателите на вашата дејност. Уште подобро ги разбираме ако се земе предвид нашето сопствено потпирање на нашиот глобален возен парк, што всушност е 'рбетот на логистичките услуги на SKF. Уште од почетоците на камионската индустрија, лежиштата на SKF поставија златен стандард за перформанси кај моторите, менувачките кутии, трансмисијата и тркалата. Први воведовме многу работи во индустријата, од единични главчини за камиони до напредни заптивни системи кои оформија нови очекувања за работниот век на компонентите. SKF има системски пристап кон дизајнот, овозможувајќи да бидете во чекор со новите технологии.

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo