Возила на две и три тркала 

Справете се со сегашните и идните предизвици со помош на Моќта на инженерското знаење.
SKF има повеќе од 60 години искуство во индустријата за возила на две и тритркала на и вон патеката. Во оваа индустрија со силна конкуренција, опширната инженерска експертиза и глобалните ресурси на SKF се користеа за развивање решенија за сè поголемите потреби на водечките производители на возила на две тркала во светот.
Експертизата на SKF за лежишта и единици, за технологии за заптивки, подмачкување, мехатроника и за софтвер за динамично моделирање им овозможува на нашите инженери да нудат широк опсег практични и профитабилни решенија. Овие решенија ги нарекуваме Моќта на инженерското знаење и истите им помагаат на водечките производители и директните добавувачи ширум светот:
  • Да го намалат вкупниот трошок за сопствеништво
  • Да ги намалат емисиите на CO2
  • Да ја зголемат заштедата на гориво
  • Да ги подобрат безбедноста и ергономијата
  • Да го поедностават склопувањето
  • Да го намалат времето до излегување на пазарот
  • Да ја намалат тежината на компонентите
  • Да ги намалат рекламациите и трошоците за гаранции

Ова се дел од причините поради кои SKF е партнер на врвните тркачки тимови во индустријата, применувајќи ги нашата експертиза за ротациони машини и искуството со возила на две тркала за справување со нивните најтешки технички предизвици. Благодарение на нашите блиски работни односи и технички спонзорства, инженерите на SKF имаа можност да работат кај неколку производители за да развиваат иновации на компонентите, да ги усовршуваат постојните дизајни и да обезбедуваат постојани подобрувања на перформансите.

Техничката поддршка од SKF придонесе за успехот на голем број тимови, помагајќи им да освојат повеќе од педесет светски шампионати во сите натпреварувања. Нашите заложби им помогнаа да стигнат до победничкиот подиум. Соработувавме со производителите на возила на две тркала за да развиваме нови нивоа на перформанси и издржливост на возилата, овозможувајќи им да ги подобрат возилата што ги претставуваат на пазарот.

Нудиме и техничка помош на некои од најважните брендови за возила на две тркала, како што се Ducati Corse и Betamotor

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo