Ветерна енергија

Подобрување на перформансите на турбините и зголемување на профитабилноста

Поле со ветерници
SKF дизајнира и развива лежишта, заптивки, системи за следење на состојбата и системи за подмачкување што овозможуваат поекономично генерирање на ветерна енергија.

Соработувајќи со производителите на оригинална опрема и ветерните електрани, инженерите на SKF обезбедуваат специјализирани решенија со кои можат да се оптимизираат стабилноста и перформансите на новите и постојните дизајни на ветерните турбини.
Придобивките од решенијата на SKF
Приспособеното решение на SKF за ветерни турбини може да им помогне и на производителите на турбини и на сопствениците на ветерни електрани:
  • Да го зголемат производството на енергија
  • Да ги подобрат перформансите и надежноста на турбините
  • Да ги намалат трошоците за работа и одржување
  • Да ја намалат потрошувачката на средство за подмачкување
  • Да го намалат влијанието врз животната средина
  • Да ги намалат загубите на енергија
  • Да го намалат бројот на рекламации во гарантен рок
  • Да го намалат времето до излегување на пазарот
  • Да ги приспособуваат решенијата
  • Да произведуваат на глобално ниво

Секоја апликација има свои барања

За да најдете информации околу решенијата за вашите конкретни апликации, кликнете овде. Имајте предвид дека овие информации во моментов се достапни само на англиски јазик.
SKF logo