Свечено отворање на нова фабрика на SKF во Кина

Фабрика на SKF во Џинан, Кина

Во фабриката на SKF во Џинан, Кина

Фабриката ќе произведува конусно валчести лежишта и дводелни единици со главчини за камиони, а ќе ги опслужува и индустриските пазари и пазарот за резервни делови за моторни возила.
„Нè радува што нашата инвестиција во фабриката во Кина го поддржува растечкиот бизнис со камиони во целиот азиски регион. Наш висок приоритет е да бидеме блиску до нашите клиенти и со локалното производство и со инженерската поддршка, како од гледна точка на потребите на клиентите, така и од гледна точка на одржливоста“, вели Тригве Стен, претседател на SKF Automotive.
Инвестицијата изнесува околу 590 милиони шведски круни. Фабриката изградена според стандардот Лидерство во енергетски и еколошки дизајн (LEED) сега е во функција и вработува околу 500 луѓе. CNHTC, еден од најголемите клиенти на SKF, на компанијата SKF и додели голем договор во 2011 година за набавка на производи во период од 7 години и во вредност од 5,2 милијарди шведски круни.
SKF ја разви дводелната главчина за камиони за да ги задоволи тековните и идните потреби на индустријата за комерцијални возила за зголемување на продуктивноста преку подолги сервисни интервали и намалено одржување. Единицата се состои од дводелен надворешен прстен што овозможува исплатлив производствен процес, исполнувајќи ги критериумите на локалните клиенти.