Грижа за одржлива подвижност со иновативни решенија

SKF користи напредна технологија и повеќе од 100 годишно инженерско знаење за да ги постигне соодветните перформанси за исплатливи решенија. Овде претставуваме некои од начините на кои организацијата го премостува јазот меѓу потребите на пазарот и еколошките прашања.

Врз основа на нејзиното детално познавање на инженерингот на движењето, компанијата SKF придонесува со одржливи решенија за автомобилската индустрија.

Сè поголемата глобална побарувачка за енергија сè уште се решава главно со фосилни горива, што знаеме дека резултира со рапидно зголемување на присуството на јаглерод диоксид (CO2) во атмосферата. Во овој контекст, ефикасноста при трансформацијата на енергија игра клучна улога. Кога станува збор за начините за подобрување на механичката ефикасност, а особено за намалувањето на загубите поради триењето, SKF придонесува со развивање иновациски решенија за лежишта и заптивки.

SKF главно се фокусира на намалување на триењето и тежината, интегрирање сензори за интелигентни функции, оптимизирање на погонските агрегати и интегрирање на компонентите во модулите и единиците, намалувајќи ја големината и поедноставувајќи ги склоповите. Целта на сето тоа е да се обезбедат приспособени решенија со соодветни перформанси за конкретното возило. 


SKF го комбинира своето инженерско знаење за да создава одржливи решенија за производи како што се лежишта и единици, заптивки, системи за подмачкување, мехатроника и услуги.


Инженерски партнери
За да бидете колку што е можно поиновативни и поефикасни, важно е да бидете партнери со вистинските иновативни играчи во автомобилската индустријата. SKF работи на проекти за развој во соработка со други инженерски компании во областа на технологии за пренос. Тука е примерот од 2011 година кога SKF работеше на заеднички проект со Volvo Car Corporation & Volvo Group, чијашто цел беше процена на замавници за сериско производство. Системот за обнова на кинетичката енергија на замавникот (KERS) може да придонесе за заштеда на гориво до 20 %, овозможувајќи значително намалување на емисиите на CO2. Денес SKF испорачува суштински компоненти за системите со замавници, со што го збогатува знаењето околу тоа како да се индустријализира овој систем.

Едвард Холвег, директор на одделот за развој на производи и системи во SKF Automotive вели „SKF секогаш ја бара вистинската експертиза за да ги комбинира заложбите и знаењето во насока на нови решенија за поддршка на потребите на индустријата."
Понатаму, Холвег вели „За да бидете успешни треба внимателно да ги слушате барањата на клиентите. Кога знаеме што сакаат да постигнат, можеме да предложиме решенија со кои придонесуваме за нивните идеи да ги подобрат перформансите на нивните возила и да го намалат нивното негативно влијание врз животната средина. Токму тоа е во фокусот на SKF“.


Развој на производи
SKF развива производи и обезбедува решенија кои им помагаат на производителите на возила да се справат со неколку суштински прашања за нивната дејност, меѓу кои спаѓаат:

  • Хибридизација и електрификација на возилата
  • Намалување на тежината и триењето
  • Технологија на пренос и ефикасност
  • Намалување на димензиите на моторот и зголемување на моќноста
  • Управување со моторот


Идентификувани се можни решенија за овие целни области. Некои од тие решенија се следниве:


Интегрирање сензори за интелигентни функции
SKF интегрира сензори во лежишта и заптивки за да овозможи разни функции за апликациите и системите да работат со најголема прецизност и надежност. Овие решенија значително придонесуваат за енергетската ефикасност.
Пред неколку години SKF промовираше решенија за хибридни возила (HEV) за да овозможи функционирање на системот Stop-Start - SKF лежиште за позиционирање на роторот и SKF единица со лежиште со сензор за замена. Системот Stop-Start придонесува за намалување на емисиите на CO2 и потрошувачката на гориво до 15 % при градско возење со многу застанувања и стартувања на моторот.
SKF го воведе решението Stop-Start за возила на две тркала во 2011 г. Сега SKF направи чекор понапред, понудувајќи го целосниот систем SKF StopGo. Со ова решение се остварува заштеда на гориво од 6-8 %.

Бројот на електрични возила (EV) се зголемува. Најновите активности на SKF во оваа област се фокусираа на подобрување на густината на моќноста и енергетската ефикасност на влечните мотори. Таквите производи ќе придонесат за зголемување на километражата на електричните возила. SKF неодамна најави деловно партнерство во оваа област со француската компанија Bollore, којашто обезбедува електрични возила за програмата за изнајмување возила на Paris Autolib. Оваа програма стартуваше во декември 2011 г. SKF нуди разни видови лежишта составени од материјали со висока отпорност на струја кои исполнуваат и други потребни услови за да се добие стабилен електричен автомобил со добри перформанси кој ќе може да помине што поголема километража.
Разни владини и градски иницијативи мигрираат кон употреба на електрични возила како решение за намалување на емисиите на CO2 во градскиот сообраќај. Paris Autolib сака на граѓаните на Париз да им понуди едноставна и одржлива алтернатива наспроти денешниот стандарден јавен превоз. Сигурно ќе следуваат и други слични иницијативи.


Оптимизирање на погонските агрегати
За оптимизирање на погонските агрегати потребно е да се намалат триењето и тежината, да се понудат компактни решенија, да се додадат сензори за поинтелигентна контрола и да се земаат предвид алтернативни технологии за подобрување на перформансите во овие апликации. Средините во кои овие производи треба да работат често подлежат на широк температурен опсег, разни течности, високи брзини и екстремни притисоци.

На пример, сè поголемиот број на преноси со две квачила (DCT) беше причина SKF да развие компактни производи со мала тежина кои имаат способност да ги издржуваат високите температури и оптоварувања потребни за компонентите на DCT. Комплетот од лежишта на SKF за две квачила помага за продолжување на работниот век на преносот. DCT е еден од главните системи за пренос кои придонесуваат за дополнително намалување на емисиите на CO2.
Портфолиото од производи на SKF за енергетски ефикасна трансмисија составено од лежишта и заптивки беше развиено за да се намалат триењето и тежината, како и за да се овозможи оптимизација на преносот. Примерот со пресметката што ја изврши SKF покажува дека е можно емисиите на CO2 да се намалат за 8 грама на километар во споредба со стандардните производи, ако неколку стандардни лежишта се заменат со енергетски ефикасни и паметни, компактни интегрирани решенија. За оваа пресметка се користи нормален европски возен циклус и автомобил со средна големина. Настаните се одвиваат во насока на откривање нови можности за дополнително намалување на емисиите на CO2.

Со сè поголемата побарувачка за технологии за зголемување на моќноста на моторите, топчестите лежишта можат да ги заменат моментално употребуваните лизгачки лежишта, подобрувајќи ја ефикасноста. Единицата на SKF со топчести лежишта за турбополначи е робусна единица што лесно се монтира и овозможува намалување на потрошувачката на гориво до 2 %, како и намалување на емисиите на CO2 до 3 %.
Намалувањето на триењето е клучна област во ефикасноста на моторите, како и решенијата кои треба да работат во услови на високи температури и висок притисок, со цел обезбедување способност за долготрајна работа и високи перформанси. Во моторот има голем број заптивки, а една од најновите заптивки на SKF е заптивката за намалено триење на моторот којашто обезбедува намалено триење до 55 % во споредба со стандардните заптивки.


Пресметка и симулација
Утврдувањето на вредноста и перформансите со помош на пресметка и симулација обезбедува важни информации кога се носи одлука за избор на одредено решение. Симулаторот на SKF за еколошки перформанси на возилата беше дизајниран како поддршка за инженерите на SKF, за да можат на клиентите да им ја покажат вредноста на испуштениот CO2 со предложеното решение. Пресметувајќи и преведувајќи го намалувањето на триењето и тежината во вистински бројки, SKF може да прикаже реално намалување на емисиите на CO2 за цело возило.


Се грижиме за вас
Се соочуваме со сè поголеми предизвици. Целта на SKF е да развива иновативни решенија за одржлив свет и да биде двигател на промени. Сè почнува од нашата грижа. Потребни се знаење и поттик. Треба да се стремиме кон почист свет.


SKF - Моќта на инженерското знаење

Факти за SKF:
SKF, компанијата за инженерско знаење, соработува со клиенти од целиот свет обезбедувајќи технички решенија, услуги за одржување и надежност, како и инженерски консалтинг и обука. Со претставништва во повеќе од 130 земји и 15.000 партнери за дистрибуција на глобално ниво, SKF е лидер во областа на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги . Годишните приходи од продажбата во 2011 година изнесуваа 66.216 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.039.


Информации за контакт
Едвард Холвег
Директор, Развој на производи и системи
SKF Automotive
+46 31 337 21 44
Edward.holweg@skf.com
www.skf.com


SKF logo