SKF ја промовираше новата програма за лежишта SKF Nautilus на EWEA 2012

SKF беше еден од изложувачите и говорниците на годишната конференција EWEA којашто се одржа во Копенхаген од 16 до 19 април. На овогодишниот настан SKF ја искористи можноста да ја лансира проширената програма за лежишта SKF Nautilus. Конференцијата и нејзиниот саем е главниот настан на кој се собираат претставници од индустријата за ветерна енергија во Европа.

Европска асоцијација за ветерна енергија (EWEA) 2012
Европска асоцијација за ветерна енергија, (EWEA) 2012
Лежиштата SKF Nautilus на конструкторите им нудат слобода да развиваат широк опсег турбини, како и можност за приспособување на нивното решение. Со зголемените можности за приспособување, можат да се пролонгираат сервисните интервали и да се подобри надежноста, а токму тоа го бара пазарот.

На промоцијата што се одржа во понеделникот попладне на штандот на SKF беа поканети клиенти и новинари. Многу луѓе беа собрани да гледаат и слушаат додека Кент Витанен, директорот на SI Renewable Energy го претставуваше моделот SKF Nautilus и говореше за потребите на пазарот и придобивките од новиот производ. Андреас Урбан, инженер за развој и проектен раководител за проширената програма ги објасни новите функции на SKF Nautilus, како и начинот на кој беше развиено новото решение во тесна соработка со клиентите.

Всушност, некои клиенти веќе започнаа да работат со новиот SKF Nautilus.
Кент Витанен го оцени одѕивот како многу позитивен. „Пазарот бара поголеми турбини кои имаат поголеми потреби, а новите лежишта SKF Nautilus ги задоволуваат тие потреби“.

SKF има широко портфолио од производи и услуги наменети за индустријата за ветерна енергија и може да понуди производи и услуги за целиот животен циклус.
„Потребата за енергија ќе продолжи да расте. Сметам дека пазарот на ветерна енергија има светла иднина, бидејќи ветерот денес е најконкурентен алтернативен тип обновлива енергија“, вели Кент Витанен.
SKF logo