Читајте го списанието Evolution на вашиот iPad

Evolution iPad
Списанието Evolution на вашиот iPad

Дигиталниот свет се развива брзо, а со него и алатките за комуникација. Во изминатите месеци SKF промовираше голем број дигитални функции кои овозможуваат подобрена пристапност во сајбер-просторот на неговото списание за глобален бизнис и технологија, Evolution.


Од неговото прво издание оваа година, списанието Evolution е достапно на англиски јазик како апликација за iPad. Може да го најдете меѓу другите апликации на SKF во App Store, од каде што може лесно да се преземе на вашиот таблет-компјутер iPad.


Evolution Online, интернет верзијата на списанието, доби нов дизајн, а со помош на една нова веб-алатка значително се подобрија изгледот и навигацијата. Овде може да се најдат дополнителни линкови и информации за контакт со SKF. Како и кај апликацијата за iPad, може да најдете и дополнителни видеа во прилог на статиите.


Освен тоа, дигиталниот билтен Evolution Online има надграден дизајн и сега подобро ги опслужува разните клиенти. Можете да се претплатите преку Evolution Online, каде може да се пријавите и за бесплатна претплата на печатеното списание. Билтенот и списанието Evolution Online се достапни во осум јазични верзии, а печатеното издание на списанието е достапно во 12 јазични верзии. SKF разви мобилен прелистувач за паметни телефони кој нуди формат што е лесен за навигација кога пребарувате низ веб-локацијата Evolution Online.

SKF logo