SKF ја докажува посветеноста кон енергетската ефикасност спонзорирајќи го Shell Eco-marathon Americas


Принципот на Shell Eco-marathon е едноставен: да се дизајнира и направи возило со најмала потрошувачка на гориво во светот. Натпреварот Shell Eco-marathon Americas што неодамна се одржа во центарот на Хјустон е уникатен натпревар на кој се собираат повеќе од 100 тимови и илјадници студенти од Северна и Јужна Америка за да се натпреваруваат во ултра-енергетска ефикасност. Тимовите се пријавуваат наесен пред годината на одржување на натпреварот и минуваат неколку месеци во дизајнирање и усовршување на нивните возила и технологија за да можат да се натпреваруваат таму каде што предизвикот е изминатото растојание, а не брзината.

Победници во категоријата Прототип за 2013 година беше тимот студенти од Универзитетот Лавал во Квебек. Возилото на тимот помина неверојатни 3.587 милји со само еден галон бензин на седмиот натпревар Shell Eco-marathon Americas. Тоа беше најголемото постигнато растојание и за Универзитетот Лавал и во рамки на натпреварот на двата континента. Матер Деи исто така постави рекорд годинава, но во друга категорија - Урбан концепт, постигнувајќи растојание од над 7.000 милји со еден галон.

SKF е главен спонзор на Shell Eco-marathon Americas уште од започнувањето на натпреварот пред седум години. Џон Блумер, шеф на глобална продажба во одделот за традиционална енергија на SKF изјави „Се гордееме со нашата посветеност на Shell и нивната иновативна потрага по позитивно влијание врз иднината на енергетската ефикасност. Целите на Shell Eco-marathon совршено се совпаѓаат со посветеноста на SKF кон одржливо и ефикасно производство и употреба на енергија“.

Во текот на фазата на дизајнирање, SKF на учесниците им нуди слободен пристап до своето инженерско искуство и производи додека ги дизајнираат нивните возила, обезбедувајќи им инженерска поддршка на студентите со цел да им помогне да се справуваат со предизвиците на енергетската ефикасност.

Осмиот годишен натпревар Shell Eco-marathon Americas ќе се одржи во центарот на Хјустон, 24-27 април, 2014 г. во Discovery Green Park.
SKF logo