SKF продолжува да го „врти“ светот на мотоциклите

Минатиот викенд, за време на ASI Motocross Show во Имола (Италија) им беа доделени комеморативни плакети на петте големи шведски шампиони кои доминираа во светот на мотокрос натпреварите од 1955 до 1965 година.

Комеморативните плакети на SKF им беа доделени на Бил Нилсон, Стен Лундин, Ролф Тиблин, Торстен Халман и Гунар Јохансон за нивната лојалност кон нивните шведски мотоциклистички брендови Husqvarna, Lito и Monark кои правеа и продолжуваат да прават одлична мотоциклистичка историја во светски рамки.

Настанот се организираше на крајот на ASI Motocross Show, што се одржа во Имола, Италија (во близина на Болоња) од 25 до 27 мај. Ова е нов настан организиран на историската патека во Имола, каде што се родија италијанските мотоциклистички трки и каде што се одржаа светските првенства од 1948 до 1965 година.

SKF учествува во мотоциклистичките трки и патеки низ светот повеќе од 100 години, обезбедувајќи ги сето свое инженерско знаење и најсофистицираните технолошки решенија за трките. Еден опиплив пример за тоа се новите производи со високи перформанси наменети за теренскиот сектор, како што се заптивките за виљушки за мотоцикли на сегашниот пазар.







SKF logo