SKF продолжува со средбите со деца од целиот свет

Се ближи крајот на фудбалскиот турнир „Запознајте го светот“ (Meet the World)организиран од SKF во 20 земји низ светот. Вкупно 21 екипи учествуваат во Купот Gothia – една недела фудбал, пријателство и забава!

Франција
Франција
Литванија
Литванија
Индонезија
Индонезија
Том Џонстон, претседател и главен извршен директор на SKF објаснува: „Нашата одржливост во иднина се базира на знаење, разбирање и почит, кои започнуваат со децата – нивните соништа, идеи и аспирации. Сакаме да ги прошириме погледите, да стимулираме дијалог и да создаваме можности кои инаку би претставувале само сон. Токму затоа сме посветени на обезбедувањето поддршка за младите луѓе во земјите во кои сме присутни. Турнирите „Запознајте го светот“ на SKF ни даваат шанса да влијаеме позитивно на локално ниво и да им овозможиме на луѓето да дознаат малку повеќе за SKF“.

Турнири низ светот
SKF Франција одлучи да го поддржи трофејот Ким Калстром* преку ексклузивно партнерство со Special Olympics France (SOF). Нивната мисија е да им овозможат на младите лица со хендикеп да бидат успешни со помош на спортот. На крајот на турнирот во Франција победник беше тимот IMPRO** Membrey.

Жан Лук Удо, еден од двата тренера на тимот IMPro вели; „Спортот е многу важен за нив и ни помага да го поддржиме нивното тренирање. Ова доживување е дел од педагошката програма за тинејџери и го зајакнува тимскиот дух“.

SKF вторпат го организираше турнирот „Запознајте го светот“ во Литванија. Турнирот се одржа во мај, а учествуваа десет јуниорски екипи од седум земји. Турнирот го освои екипата Panevėžio FA од градот Панавезис.

SKF Индонезија ги организира турнирите веќе четири години. Оваа година, 16 екипи одиграа 240 натпревари пред финалето на стадионот Сиракас, во Источна Џакарта. Победници на турнирот беа ASIOP Apacinti.

Куп Gothia и турнир „Запознајте го светот“
Купот Gothia е најголемиот фудбалски турнир за млади во светот. Од неговите почетоци во 1975 година, купот имал речиси 950.000 учесници од 127 земји. Секоја година учествуваат околу 70 земји, па купот Gothia е „најмеѓународниот“ турнир во светот. SKF го иницираше „Запознајте го светот“ во 2007 година, кога SKF стана главниот партнер на Купот Gothia.

Натпреварите се одржуваат од 14 до 20 јули. Посетете ја www.skf.com/mtw во текот на таа недела за да најдете информации за сите наши тимови.

Земји-учеснички на турнирот на SKF „Запознајте го светот“ 2013:
Албанија, Бразил, Бугарија, Канада, Кина, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Латвија, Литванија, Малезија, Мексико, Португалија, Романија, Словенија, Русија и Замбија.

* Трофејот Ким Калстром е резултат на соработката меѓу Купот Gothia, Special Olympics Европа/Евроазија, Special Olympics Шведска и шведскиот репрезентативен играч Ким Калстром.
**IMPRO: Институти за специјална настава
SKF logo