Турнирот Meet the World („Запознајте го светот“) е во тек

Во тек е фудбалскиот турнир „Запознајте го светот“ организиран од SKF во 24 земји низ светот. Победничката екипа од секоја земја во јули ќе патува во Гетеборг, Шведска за да учествува во Купот Gothia. São Paulo FC е победникот во Кајамар, Бразил. São Paulo FC е победникот во Кајамар, Бразил.

Победата на турнирот на SKF „Запознајте го светот“ значи дека São Paulo FC ќе учествува во Купот Gothia ова лето. На турнирот се натпреваруваа шеснаесет екипи од различни региони на Бразил. Ова ќе биде прв пат оваа екипа да патува во странство за да го претставува својот клуб и училиште.

Игор Мартинс, играч од средниот ред на екипата вели:
„Не ни сонував дека ќе можам да отидам во странство на толку млади години и горд сум што ќе можам да го претставувам мојот тим и Бразил на еден таков голем и важен турнир како што е Купот Gothia“.

Квалификациски турнири
SKF го иницираше „Запознајте го светот“ во 2007 година, кога SKF стана главниот партнер на Купот Gothia. Оваа година фудбалските турнири се одржуваат во 24 земји во кои е присутен SKF. Целта е да се создадат глобални места за средби на младите без оглед на нивниот пол, општествен статус, возраст, култура или религија.

Светски куп за млади
Купот Gothia е најголемиот фудбалски турнир за млади во светот. Од неговите почетоци во 1975 година, купот имал речиси 950.000 учесници од 127 земји. Секоја година учествуваат околу 70 земји, па купот Gothia е „најмеѓународниот“ турнир во светот.

Натпреварите започнуваат на 16-ти јули, а финалните натпревари се одржуваат на 20-21 јули. Во текот на таа недела околу 1.600 екипи ќе одиграат околу 5.000 натпревари.

Екипи на SKF Meet the World
Освен од Бразил, на турнирот Meet the World 2012 ќе учествуваат и екипи од Албанија, Аргентина, Бугарија, Кина, Колумбија, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Индија, Индонезија, Кенија, Латвија, Литванија, Малезија, Мексико, Португалија, Русија, Словенија, Обединетото Кралство, САД и Замбија.

SKF logo