Фабриката за лежишта на SKF во Далиан, Кина доби златен сертификат LEED

2013 август 29, 10:00 CEST

Гетеборг, 29-ти август, 2013 г.: SKF соопштува дека фабриката за лежишта со средна големина во Далиан, Кина го доби престижниот златен сертификат LEED (Лидерство во енергија и еколошки дизајн). Со овој сертификат, фабриката Далиан е првиот проект на SKF во Кина со златен сертификат LEED и четврта фабрика во светот што добила сертификат LEED.

„Ние во SKF долги години се фокусираме на наоѓање начини за намалување на нашето влијание врз животната средина. Пред неколку години донесовме одлука дека сите наши нови фабрики треба да се градат според стандардот LEED. Покрај тоа, минатата година ги лансиравме и нашите нови амбициозни климатски цели“ изјави Том Џонстон, претседател и главен извршен директор на SKF. „Ми претставува задоволство што нашата фабрика во Далиан го доби овој статус со златниот сертификат, со што ќе се осигури намалувањето на локалните влијанија врз животната средина колку што е можно повеќе и ќе ни помогне да ги постигнеме нашите глобални цели“.

Функции што ѝ овозможија на фабриката да го добие златниот сертификат LEED:

  • Енергетска ефикасност: Фабриката има речиси 21 % подобра енергетска ефикасност во споредба со стандардите за градби во САД
  •     Употреба на обновлива енергија – За загревање вода се користи сончева енергија
  •     Сензор за CO2 - за да се обезбеди степенот на свеж воздух и да се намали употребата на енергија
  •     Покрив со голема способност за одбивање сончеви зраци – за намалување на ефектот на стаклена градина
  • Намалување на потрошувачката на вода: Користи 40 % помалку вода во споредба со нормалните стандарди за згради
  • Широк отворен простор со локална вегетација – за да обезбеди околина и биодиверзитет и да помогне во намалувањето на употребата на вода за наводнување

Aktiebolaget SKF
(publ)


За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со јавност: Ребека Џензон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, совети за инженеринг и обука. SKF има свои застапништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места низ светот. Годишните приходи од продажбата во 2012 година изнесуваа 64.757 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com
® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (30.8 KB)

SKF logo