Ден на пазарите на капитал на SKF - споделување знаење со инвеститорите и аналитичарите

2013 септември 04, 09:00 CEST

Нуди можност за потемелно разбирање на работата на SKF

Гетеборг, 4-ти септември, 2013 г.: Целта на Денот на пазарите на капитал на SKF беше да обезбеди можност за потемелно разбирање на работата на SKF. Тоа се изведе на интерактивен начин во мали групи, со презентации, изложувања и обиколки. Присуствуваа сите извршни раководители на SKF, како и раководители на деловни единици од одредени земји.

Денес и утре
Том Џонстон, претседател и главен извршен директор на SKF говореше за клучните елементи на SKF за остварување профитабилен раст, за инвестиции во ИТ-системите и намалувања на трошоците и наведе неколку примери за успешно снабдување.

Тој изјави „Задоволни сме што имаше толку голем интерес за SKF на Денот на пазарите на капитал. Ја искористивме оваа можност за да покажеме подетално како ги распоредуваме нашите приоритети во Групацијата и да ги претставиме чекорите што ги преземаме за да работиме согласно нашите финансиски цели. Во текот на денот имаше многу добри прашања и дискусии и сакам да им се заблагодарам на сите за тоа што овој ден го направија навистина интересен“.

Придобивки од SKF пристапот на животниот циклус

SKF претстави разни примери за придобивките на клиентите од пристапот на SKF за управување со животниот циклус. Како одговор на барањето на клиентите за зачестено и скапо повторно подмачкување, SKF разви нов тип лежиште кое овозможува непрекината работа без подмачкување низ период од пет години. Ова решение овозможува поодржливо и понадежно работење. Пристапот на SKF за управување со животниот циклус овозможи вклучување на производителот на оригинална опрема - печка, кој денес го има воведено ова решение како стандардно.

Обезбедување вредност со енергетски ефикасни производи и решенија
Енергетската ефикасност беше главна тема и беа претставени голем број производи од портфолиото BeyondZero на SKF:

  • Единицата на SKF со лежиште со главчина и ниско ниво на триење би можела да придонесе за намалување на испуштениот CO2 за 4400 тони на годишно ниво, доколку еден милион автомобили би биле опремени со решението на SKF наместо со стандардно решение.
  • Системот за следење на притисокот во гумите на камиони и приколки кој постојано одржува соодветен притисок и ги намалува емисиите на CO2, обезбедува заштеда на гориво до 2 % и го намалува за околу 40 % времето на застои поради проблеми со гумите. 
  • Решенијата на SKF со магнетен систем за уреди за дување можат да ја намалат потрошувачката на енергија до 40 %. Ова им обезбедува вредност на клиентите од индустријата за отпадни води бидејќи за еден систем за уреди за дување може да бидат потребни и до 80 % од вкупната потрошувачка на енергија на фабриката. 
  • Лежиштата на SKF наменети за екстремни температури можат да издржат температури до 350° C без потреба за повторно подмачкување. Со тоа се овозможуваат значителни намалувања на трошоците за одржување и емисиите на CO2. На пример, една платформа за ладење за метален лим опремена со 5000 лежишта може да заштеди 7,5 тони маст и 23 тони CO2 годишно, што претставува намалување на влијанието врз климата за 82 % во споредба со користење радијални топчести лежишта, подмачкувани со маст.

Одржување на технолошкото лидерство
Во текот на денот, SKF претстави разни решенија како доказ за своите заложби за технолошко лидерство. Меѓу најновите промовирани решенија беше и новото сензорско решение наречено SKF Insight™. Ова само-напојувано решение може безжично да пренесува информации за состојбата на лежиштето преку мрежата на далечински дијагностички центри на SKF. Тоа за клиентите значи уште поголема надежност и намалени трошоци и време на застои. 

Ја зајакнуваме нашата способност за поддршка на клиентите
SKF објасни на кој начин неговото солидно глобално присуство ја поврзува компанијата со клиенти од целиот свет, со помош на мрежата од овластени дистрибутери на SKF, локации на фабрики за решенија на SKF, складишта, далечински дијагностички центри, центри за следење на состојба и локации за поморска индустрија. Се дискутираше за начинот на кој активностите за интеграција на процеси, како на пр. новите пристапи за управување со залихи и предвидувањата по пат на соработка им помагаат на SKF и неговите овластени дистрибутери да имаат поефикасен синџир за снабдување.

Преку новите глобални технички центри и новите производствени локации, SKF уште повеќе го зголеми своето присуство на пазарите со побрз раст. На пример, 45 % од производството на SKF за автомобилската индустријата е сместено и се шири во регионите што бележат побрз раст. Пример за тоа е новата фабрика на SKF во Кина за разделени главчини за камиони. Друг пример е одделот на SKF за резервни делови за возила којшто значително ги зголеми флексибилноста и капацитетот на центрите за пакување. 

Ефикасното производство поддржано од методологијата за деловна извонредност помага за намалување на трошоците и вложувањата. На пример, во фабриката на SKF во Гвадалахара, Мексико, по воведувањето на методологијата за деловна извонредност, резервите се намалија за 3 %.

Снимката од целиот ден ќе биде достапна за околу една недела: http://investors.skf.com/en

Aktiebolaget SKF
(публ.)


За повеќе информации, контактирајте со:

Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со јавност: Ребека Џензон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги како што се техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обука. SKF има свои застапништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места низ светот. Годишните приходи од продажбата во 2012 година изнесуваа 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.
™ SKF Insight е заштитен знак на SKF Group.


SKF logo