SKF иницира јавна понуда за преземање за сите акции во оптек на Kaydon Corporation

2013 септември 16, 14:00 CEST

Гетеборг, Шведска, 16 септември, 2013 година: Денес, SKF денес го најави започнувањето на јавната понуда за преземање, за сите акции во оптек на Kaydon Corporation (NYSE:KDN) („Kaydon“) по цена од 35,50 долари за акција во готово. Понудата за преземање се реализира во согласност со претходно објавените Договор и План за соединување од 5 септември 2013 г., за преземање на Kaydon од страна на SKF.

Понудата за преземање подлежи на вообичаените услови, регулативни одобренија, како и лицитирањето на најмалку мнозинскиот дел од акциите во оптек што се дел од обичните акции на Kaydon. По завршувањето на јавната понуда за преземање, SKF ќе ги преземе сите преостанати акции преку соединување со компанијата-ќерка по кратка постапка, според цената во јавната понуда за преземање.

Денес SKF ќе поднесе изјава за јавна понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност („КХВ“) преку Atlas Management, Inc. и Dublin Acquisition Sub Inc. – подружници во целосна сопственост на SKF, детално наведувајќи ги условите на јавната понуда за преземање. Дополнително, денес Kaydon ќе поднесе изјава за барање и препораки во согласност со дел 14D-9 до КХВ, детално наведувајќи ја, меѓу другото и едногласната препорака од Одборот на директори на Kaydon Corporation за акционерите на Kaydon да ја прифатат јавната понуда за преземање и да ги вклучат своите акции во понудата.

Копии од овие изјави и други документи поднесени до КХВ се достапни на www.sec.gov, а можат да се добијат и од MacKenzie Partners, Inc. на тел. (212) 929-5500 или со повик на бесплатната телефонска линија (800) 322-2885.

Јавната понуда за преземање и сите права за отповикување што можат да ги имаат акционерите на Kaydon истекуваат во 23.59 ч., Источно време, на 15 октомври 2013 г., освен ако овој рок се продолжи или се укине порано.

Aktiebolaget SKF
(публикација)


Контакти за дополнителни информации:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги, како што се техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


Важни информации
Јавната понуда за преземање опишана во ова соопштение („Понудата“) започна. Согласно Понудата, Dublin Acquisition Sub Inc. („Dublin“), подружница во целосно сопствеништво на Atlas Management, Inc. („Atlas“) - подружница во целосно сопствеништво на AB SKF, понудува да ги купи сите обични акции на Kaydon Corporation („Kaydon“). Соопштението има само информативна намена и не претставува понуда за купување или за барање за понуда за продавање какви било хартии од вредност. Условите на Понудата се опишани во Изјавата за јавна понуда за преземање, во која се содржани и понудата за купување, писмото за пренесување и релевантните документи, навремено доставени до Комисијата за хартии од вредност („КХВ") на Соединетите Американски Држави на 16 септември 2013 г., од страна на Atlas и Dublin. Понудата се реализира само во согласност со понудата за купување, писмото за пренесување и релевантните документи поднесени со изјавата за понудата за преземање. Дополнително, Kaydon поднесе изјава со барање/препорака до КХВ согласно распоредот 14D-9. ПРЕПОРАЧУВАМЕ ИНВЕСТИТОРИТЕ И СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ ДА ЈА ПРОЧИТААТ ИЗЈАВАТА ЗА ЈАВНА ПОНУДА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ И ИЗЈАВАТА СО БАРАЊЕ/ПРЕПОРАКА, БИДЕЈЌИ СОДРЖАТ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И МОЖЕ ДА СЕ МЕНУВААТ ОД ВРЕМЕ НА ВРЕМЕ. Инвеститорите и сопствениците на хартии од вредност можат да добијат бесплатни копии од овие изјави и други документи поднесени до КХВ на нејзината веб-локација www.sec.gov или да ги упатат таквите барања до MACKENZIE PARTNERS INC. на тел. (212) 929-5500 или на бесплатната телефонска линија (800) 322-2885.

Предупредување
Ова соопштение за печат содржи изјави што се дадени во очекување, согласно одредбите за ограничување одговорност во Законот за реформа на судските парници за хартии од вредност од 1995 година, односно изјави што се базирани на верувањата и претпоставките на раководните лица. Во некои случаи, изјавите дадени во очекување можете да ги идентификувате преку термините како што се „може“, „ќе“, „треба“, „би“, „би можело“, „очекува“, „планира“, „замислува“, „верува“, „пресметува“, „проценува“, „предвидува“, „потенцијал“ и слични изрази. Таквите изјави, вклучително и изјавите за очекувањата на SKF за идното работење на Kaydon Corporation, идните можности поврзани со преземањето и успехот на интеграцијата на Kaydon во дејноста на SKF не се сметаат за историски факти, туку за изјави дадени во очекување, согласно сојузните закони за хартии од вредност. Таквите изјави дадени во очекување подлежат на одредени ризици и неизвесности поради кои вистинските резултати можат да се разликуваат материјално од директните или индиректните резултати. Ги предупредуваме читателите да не се потпираат неосновано на овие изјави дадени во очекување, кои се актуелни само на овој датум. Во таквите ризици и неизвесности спаѓа и можноста SKF да не ја финализира трансакцијата со Kaydon, да има промени во економските, пазарните и во конкурентските услови, промени во регулативите и во другите владини дејства, во флуктуирањата на девизните курсеви и другите фактори наведени во најновиот годишен извештај на SKF (достапен на www.skf.com) во делот Административен извештај; „Важни фактори што влијаат врз финансиските резултати“, „Финансиски ризици“ и „Анализа на чувствителност“ и во целосниот извештај на SKF во делот „Ризици и неизвесности во дејноста“. Не преземаме обврска јавно да менуваме или да ажурираме каква било изјава што била дадена во очекување, освен ако тоа го бара законот.

SKF logo