Веќе 14-та година по ред, SKF е прогласена за една од најодржливите компании во светот

2013 септември 23, 13:00 CEST

Светскиот индекс за одржливост на Dow Jones ја рангира SKF како одржлив лидер

Гетеборг, Шведска, 23 септември 2013 година: Веќе 14-та година по ред, SKF е прогласена за една од најодржливите компании во светот и од Светскиот индекс за одржливост на Dow Jones (DJSI) и од Европскиот индекс за одржливост на Dow Jones. DJSI ја рангираше SKF како најдобра во својата класа благодарение на пристапот на компанијата кон управувањето со животната средина. Индексите за одржливост на Dow Jones беа воспоставени во 1999 година и се најдолготрајните и најпрестижните глобални репери за одржливост во светот.

„SKF е наведена во индексот за лидерство секоја година од 2000-тата досега, а тоа го отсликува нашето долгорочно фокусирање на воведувањето одржливост во секој аспект на нашата дејност. Се гордееме што сме членови на овој репер уште од почетокот“, вели Том Џонстон, претседател и главен извршен директор на SKF.

SKF ја дефинира одржливоста како Грижа на SKF во која се опфатени Грижата за компанијата, Грижата за животната средина, Грижата за вработените и Грижата за заедницата. SKF BeyondZero е стратегијата на SKF за создавање позитивно влијание врз животната средина. Стратегијата се состои од два истовремени пристапи:
• да се намали влијанието на работата на SKF врз животната средина
• да им се обезбедат иновациски технологии, производи и решенија на клиентите, што нудат подобрени еколошки перформанси.

Добар пример за пристапот на SKF кон еколошките прашања е начинот на кој компанијата ја применува стратегијата BeyondZero за справување со предизвиците на климатските промени. Климатската стратегија на SKF има амбициозни цели за намалување на емисиите на стакленички гасови на SKF, на нејзините добавувачи и логистички дејности, како и на нејзините решенија за клиенти вклучени во портфолиото SKF BeyondZero. Во 2012 година, решенијата од портфолиото SKF BeyondZero помогнаа да се избегнат емисии на 1 672 000 тони стакленички гасови.

Aktiebolaget SKF
(publ)



За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерски совети и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места низ светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.



SKF logo