Кандидациона комисија на AB SKF за Генералното годишно собрание во 2014 година

2013 септември 25, 09:00 CEST

Гетеборг, 25 септември 2013 година: Во согласност со одлуката донесена на Генералното годишно собрание на AB SKF одржано на 26 април 2013 година, ги објавуваме претставниците на четирите најголеми акционери според бројот на гласови, коишто заедно со претседавачот на Одборот ја сочинуваат Кандидационата комисија во подготовките за Генералното годишно собрание во 2014 година.

Претставници:

Клос Далбек, Foundation Asset Management
Рамзи Бруфр, Alecta
Каролин аф Углас, Skandia Liv
Андерс Алготсон, AFA Försäkring

Генералното годишно собрание на AB SKF ќе се одржи во Гетеборг, во петок, 28 март 2014 година.

Акционерите кои сакаат да поднесат предлози за членови на Одборот на AB SKF, за претседавач на Одборот, надоместоци за Одборот, надоместоци за ревизија, претседавач на Генералното годишно собрание или за Кандидационата комисија во подготовките за Генералното годишно собрание во 2015 година, можат да се обратат до претседавачот на Одборот на AB SKF најдоцна два месеца пред Генералното годишно собрание во 2014 година, на следнава e-mail адреса:

chairman@skf.com

или да се обратат до еден од претставниците на следниве e-mail адреси:

claes@rafsnas.se
ramsay.brufer@alecta.com
caroline.af.ugglas@skandia.se
anders.algotsson@afaforsakring.se

Aktiebolaget SKF
(публикација)


За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места низ светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

SKF logo