Деветмесечен извештај на SKF за 2013 година

2013 октомври 15, 12:00 CEST

Том Џонстон, претседател и главен извршен директор:

Имавме добар готовински промет во ова тромесечје. Продолживме да ја подобруваме нашата оперативна маржа постојано и покрај негативната мешавина и поголемите пречки од очекуваните поради негативниот тренд на валутата. Ова покажува дека мерките што ги преземаме за подобрување на нашето портфолио со производи, за инвестирање во нашата компанија и за намалување на трошоците даваат резултати.

Во ова тромесечје, продажбата на SKF се развиваше добро во нашиот автомоблиски бизнис, но беше нешто пониска од очекуваното во индустрискиот бизнис. Имаме позитивен развој во одделите за авионска индустрија, за индустријата за обновлива енергија и за железничката индустрија. Меѓутоа, забележуваме и мал застој во повеќе други индустриски пазари - нема влошување, но сè уште нема ни подобрување. Автомобилскиот бизнис имаше придобивки од зголемената побарувачка и подобрената мешана продажба, особено на пазарот за камиони и услуги за сервисирање возила, а тоа, во комбинација со мерките што ги преземаме ја зголеми маржата на овој оддел.

Во ова тромесечје направивме уште еден важен чекор за зајакнување на SKF, објавувајќи го договорот за преземање на Kaydon Corporation. Kaydon одлично се вклопува со SKF од многу аспекти и ќе ни овозможи да ги опслужуваме подобро нашите клиенти и дистрибутери. Јавната понуда за преземање на акциите се затвора денес и се надеваме дека ќе можеме брзо да го завршиме преземањето.
Во четвртото тромесечје очекуваме да ги одржиме продажбата и производството на истото севкупно ниво.



Key figures

Q3 2013

Q3 2012

YTD 2013

YTD 2012

Нето продажба, во милиони шведски круни

15.623

15.486

47.167

49.591

Оперативен профит, во милиони шведски круни

1.923

1.908

5.240

6.093

Оперативна маржа, %

12,3

12,3

11,1

12,3

Оперативна маржа без еднократни трошоци, %

12,9

12,3

12,2

12,6

Профит пред оданочување, во милиони шведски круни

1.717

1.709

4.581

5.439

Нето профит, во милиони шведски круни

1.165

1.251

3.087

3.821

Основна заработка по акција, во шведски круни

2,47

2,67

6,57

8,11



Во третото тромесечје, оперативниот профит беше под влијание на еднократните трошоци од околу 85 милиони шведски круни, главно поради намалена вредност и загуби што не беа дел од претходно најавената програма за преструктуирање. Во првите девет месеци, оперативниот профит беше под влијание на еднократни трошоци од околу 525 милиони шведски круни (140).

Промена на нето-продажбата од година во година, во шведски круни,

благодарение на:

Остварена продажба

Цена/
мешавина

Структура

Влијание на
валута

Вкупно

Трето тромесечје од 2013 година

2,2 %

-0,2 %

1,1 %

-2,2 %

0,9 %

Од почеток на 2013 г. досега

-3,0 %

0,0 %

1,8 %

-3,7 %

-4,9 %




Во третото тромесечје, продажбата во локални валути и исклучувачка структура се зголеми за 1 % во Европа, за 9 % во Латинска Америка, за 5 % во Азија и за 8 % во Блискиот Исток и Африка. Во Северна Америка се намали за 2 %.
Во третото тромесечје, производството беше нешто поголемо во споредба со минатата година.
Во првите девет месеци, продажбата во локални валути и исклучувачка структура се намали за 4% во Европа и во Северна Америка, за 3 % во Азија и остана релативно непроменета во Блискиот Исток и Африка. Во Латинска Америка продажбата се зголеми за 10 %.
Во првите девет месеци, производството остана релативно непроменето во споредба со минатата година.

Очекувања за четвртото тромесечје од 2013 година

Побарувачката во споредба со четвртото тромесечје од 2012 година
Побарувачката за производите и услугите на SKF се очекува да биде нешто повисока за Групацијата, за Азија и за Европа, а релативно непроменета за Северна Америка и Латинска Америка. Се очекува да биде нешто повисока за одделите Стратешки индустрии и Регионална продажба и сервисирање, како и за одделот Моторни возила.

Побарувачката во споредба со третото тромесечје од 2013 година
Побарувачката за производите и услугите на SKF се очекува да биде релативно непроменета за Групацијата, за Европа, Северна Америка и за Латинска Америка, како и за сите оддели. Побарувачката се очекува да биде нешто повисока за Азија.

Производство
Производството се очекува да се зголемува од година во година и да остане релативно непроменето во споредба со третото тромесечје.

Гетеборг, 15 октомври 2013 година

Aktiebolaget SKF
(публикација)


На 15 октомври, во 13.00 ч. по средноевропско летно време, 12.00 ч. (Обединето Кралство), 07.00 ч. (САД) ќе се одржи телеконференција:
Шведска: +46 (0)8 506 307 79
Обединето Кралство: +44 (0)844 571 8957
САД: +1 866 682 8490

Сите информации околу деветмесечните резултати на SKF за 2013 година се достапни на
веб-локацијата IR.

investors.skf.com/quarterlyreporting


Согласно Законот за пазари на хартии од вредност и/или Законот за тргување со финансиски инструменти, AB SKF е должна да ги објави информациите наведени овде. Информациите беа поднесени за објавување околу 12 часот на 15 октомври 2013 година.


За повеќе информации, контактирајте со:
Односи со новинари: Ингалил Остман, +46 31-337 3260; +46 706-97 32 60; ingalill.ostman@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-18 19 94; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и стабилност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com 

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.




Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.0 MB)

SKF logo