SKF успешно ја затвори понудата за преземање на Kaydon Corporation

2013 октомври 16, 08:00 CEST

Гетеборг, Шведска, 16 октомври 2013 година: Денес, SKF Group го најави успешното завршување на својата јавна понуда за преземање во готово на сите акции во оптек на Kaydon Corporation (NYSE:KDN) за цена од 35,50 долари по акција. Во текот на денот, SKF очекува да го заврши преземањето на Kaydon преку соединувањето во согласност со член 251(h) од Delaware General Corporation Law (Општиот закон за корпорации на Делавер). 

„Ме радува што Kaydon и неговите вработени ќе му се придружат на SKF Group. Kaydon ѝ носи исклучително комплементарно портфолио со производи на SKF и зголемување на географското присуство и достапноста за клиентите. Имаат силен лидерски тим, како и високо квалификуван и оспособен персонал“, вели Том Џонстон, претседател и главен извршен директор на SKF. „Ова преземање целосно ја поддржува стратегијата на SKF да стане компанија со инженерско знаење и ќе ни овозможи да ги опслужуваме нашите клиенти и дистрибутери во светот уште подобро“.

Kaydon е компанија што се занимава со разнообразно индустриско производство во три различни деловни области: производи за контрола на триењето (првенствено лежишта), производи за контрола на брзината и специјализирани производи, вклучително и услуги за заштита на животната средина. Kaydon има глобална распространетост, остварувајќи 62 % од продажбата во Северна Америка, 24 % во Европа, 12 % во Азиско-Тихоокеанскиот регион и 2 % во останатите делови на светот. Во 2012 година, компанијата оствари продажба во вредност од 475 милиони американски долари, со приспособен оперативен профит од околу 16 % и со повеќе од 2100 вработени.

Во наредните неколку години, SKF очекува да оствари годишни синергии на трошоци од 30 милиони американски долари и синергии на продажби од 50 милиони американски долари. Ова ќе се постигне со искористување на синергиите во трошоците и купувањето, во каналите за дистрибуција и продажба, како и со користење на комбинираната производствена инфраструктура.

Јавната понуда за преземање заврши на 15 октомври 2013 година во 11.59 ч. по локално време, а вкупно 25 463 526 акции претставувајќи приближно 77,1 % од целосно разводнетите акции во оптек на Kaydon беа валидно опфатени со јавната понуда за преземање и не беа валидно повлечени. Се исполни условот на јавната понуда за преземање кој предвидуваше мнозинството од целосно разводнетите акции во оптек на Kaydon да бидат валидно опфатени и да не бидат повлечени. 

Како резултат на соединувањето планирано да се изврши во текот на денот, Kaydon ќе стане подружница во целосна сопственост на SKF од 16 октомври, 2013 година и ќе биде посебен оддел од постојните области. За сите преостанати погодни акции на Kaydon ќе важи цената од 35,50 долари по акција во готово, без камата и без какви било применливи даноци по задршка, односно истата цена платена со јавната понуда за преземање (во погодни акции не спаѓаат оние за кои акционерите побарале соодветна процена во согласност со Законот на Делавер). По завршувањето на соединувањето, тргувањето со обичните акции на Kaydon ќе се прекине на Њујоршката берза и истите повеќе нема да котираат на берзата. 

Финансиски советник на SKF e J.P. Morgan Limited, а правен советник на SKF е Reed Smith LLP.

Aktiebolaget SKF
(publ)


За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


Предупредување
Ова соопштение за печат содржи предвидувања што се засноваат врз мислењата и претпоставките на раководните лица. Во некои случаи, предвидувањата можете да ги идентификувате преку термините како што се „може“, „ќе“, „треба“, „би“, „би можело“, „очекува“, „планира“, „замислува“, „верува“, „пресметува“, „проценува“, „предвидува“, „потенцијал“ и слични изрази. Таквите предвидувања, вклучително и изјавите за очекувањата на SKF за идното работење на Kaydon Corporation, за идните можности поврзани со преземањето и за успехот на интеграцијата на Kaydon во дејноста на SKF не се историски факти и подлежат на одредени ризици и несигурности што можат да предизвикаат материјално разликување на вистинските резултати од искажаните или од имплицитните резултати. Ги предупредуваме читателите да не се потпираат неосновано на овие предвидувања, кои се актуелни само на овој датум. Во таквите ризици и несигурности спаѓаат промените на економските, пазарните и конкурентските услови, промени во законодавството и други владини дејства, флуктуирања на девизните курсеви и други фактори што се спомнуваат во најновиот годишен извештај на SKF (достапен на www.skf.com) во делот Административен извештај; „Важни фактори што влијаат врз финансиските резултати“, „Финансиски ризици“ и „Анализа на чувствителност“ и во годишниот извештај на SKF во делот „Ризици и несигурности во дејноста“. Не преземаме обврска јавно да менуваме или да ажурираме каква било изјава што била дадена како предвидување, освен ако тоа го бара законот.

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

SKF logo