SKF претставува напредни производи и решенија на PTC Asia 2013

  • Сторија
    Уред за дување на SKF
    Уред за дување на SKF

    2013 октомври 28, 08:00 CET

    Шангај, Кина, 28 октомври 2013 година: На саемот PTC Asia 2013, SKF ќе претстави повеќе производи и интегрирани решенија од петте технолошки платформи на SKF, ослободувајќи ја моќта на инженерското знаење на SKF за да ја покаже сеопфатната примена на своите решенија во насока на успехот на клиентите.

    „Комбинацијата од нашето глобално присуство, индустриско искуство и технолошки платформи со цел создавање вредност за клиентите е она што го нарекуваме 'Моќта на инженерското знаење'. Како резултат на тоа, на овогодишниот PTC Asia нудиме широк опсег понуди со висок квалитет и напредна технологија кои можат да им помогнат на нашите клиенти да ги зголемат профитабилноста, продуктивноста и одржливоста“, вели г. Жу Џиминг, претседател на SKF Кина.

    На саемот присуствуваат експерти од разните сегменти на SKF за да разменуваат идеи и да имаат детална дискусија со посетителите. Меѓу експертите се и г. Тони Гонг, директор за продажба на IDBU Кина, г. Џонас Кјелберг, раководител на сегментот за индустриски погон на SKF, г. Франциско Серано, раководител на сегментот за индустриски пренос, г. Дарон Хен, директор за продажба на индустриски заптивки, г-ца Кијара Форлани, раководител на сегментот за индустриска електрика, г. Стефано Марзола, раководител на сегментот за услуги за погонска линија и г. Александр Муро, раководител за односи со клучни клиенти на одделот за магнетни системи на SKF.

    На овогодишниот PTC, SKF претставува серија од своите најнови производи и решенија за индустриска електрика, флуиди, индустриски пренос, ракување со материјали и сегменти за индустриски погонски линии што се справуваат со повеќето предизвици во индустријата.

    SKF неодамна промовираше ново, енергетски ефикаснo решение за високо-брзински перманентни магнетни мотори на уреди за дување во објекти за отпадни води, што може да ја намали потрошувачката на енергија до 40 отсто и е во центарот на вниманието на саемот. Решението за системи за уреди за дување на SKF се состои од високо-брзински перманентен магнетен мотор (PMM) што може да испорача од 75 kW до 350 kW, активни магнетни лежишта (AMB) и интегриран систем за контрола на активните магнетни лежишта. Оваа линија од решенија за мотори без масло има повеќе функции што ги подобруваат перформансите; на пример, за разлика од традиционалните индукциски мотори, PMM ја одржува ефикасноста работејќи со половични оптоварувања и брзини. Решението за системи за уреди за дување на SKF користи помалку машински делови од традиционалните погонски системи, што значи намалено одржување, а моќните вградени способности за следење на состојбата и дијагностика помагаат за одржување на високите перформанси и надежноста. Овој систем е вклучен во портфолиото BeyondZero на SKF*.

    Примарна цел на раководителите во секоја индустрија е да постигнат максимален поврат на инвестициите во погонските линии. За тоа е потребна вистинската комбинација од оперативна надежност, енергетска ефикасност и минимални потреби за сервисирање, а тука може да помогне „Животниот циклус на погонската линија на SKF“. Погонските линии опфаќаат широк опсег производи и услуги од SKF, а се издвојуваат со тоа што SKF го испитува целиот систем и препорачува комбинација од понуди што се најдобри за решението – односно не се фокусира само на еден проблем, туку на целиот систем. На овој настан, SKF претставува две верзии на Погонската линија за да им излезе во пресрет и на производителите на оригинална опрема и на крајните корисници. Верзијата за производители на оригинална опрема се фокусира на инженерски и сродни компоненти за да им помогне на клиентите - производители на оригинална опрема да го намалат редукторот, да го зголемат вртежниот момент, работниот век и оперативната надежност и да ги намалат загубите на моќност. Верзијата за крајни корисници ги содржи сите најнови сензори што SKF ги разви врз основа на платформата за следење на состојба и оваа верзија ќе овозможи зголемување на оперативното време и производството, како и намалување на трошоците за одржување и работа.

    SKF разви нова генерација на тврд, ултра-чист челик со високо ниво на азот и висок степен на отпорност на удари, висока отпорност на замор, како и супериорна отпорност на корозија. Во текот на саемот, SKF претставува нови лежишта што овозможуваат надежна и исплатлива компресија на завојните компресорите за кисели гасови. Лежиштата на SKF за кисели гасови се изработени од напредни материјали за валчести лежишта – хибридни валчести лежишта (наставка HC5) вклучително и големи керамички валчиња, супер-цврсти тркалачки патеки од нерѓосувачки челик (VC444) и кафези PEEK (полиетеретеркетон) зајакнати со влакна (PHAS, PH итн.).

    Уште од промовирањето на енергетски ефикасните (Е2) радијални топчести лежишта на SKF во 2008 година, SKF го прошири асортиманот за да ги опфати и поголемите електрични мотори до 350 kW (500 hp), обезбедувајќи им на вршителите на ремонт, на производителите на оригинална опрема и на крајните корисници подолг животен циклус и понизок вкупен трошок за сопствеништво. Лежиштата E2 на SKF ги намалуваат загубите од триење до 50 отсто во споредба со стандардните лежишта на SKF, што значи дека се генерира помалку топлина. Претходно подмачкани со специјално развиената маст на SKF за намалено триење, лежиштата E2 на SKF можат да го зголемат оперативното време на моторите, продуктивноста на процесите и енергетската ефикасност, но и да ги намалат трошоците за одржување, поправки и за работа.

    SKF го претставува и кранот STS (брод до брег), хидрауличната пумпа, машината за заптивки и новите концепти за редуктори. SKF ќе ги претстави и чаурите Speedi Sleeve и MROD заптивките на саемот што привлекува големо внимание и интерес. PTC ASIA беше востановен во Кина во 1991 година како водечки индустриски саем за технологии за пренос на моќност и технологии за контрола, а оваа година SKF учествува на саемот по петти пат, претставувајќи го напредокот на своите производи и решенија.

    *Портфолиото со производи BeyondZero на SKF содржи производи што нудат карактеристики за подобрени еколошки перформанси. Производите, услугите и решенијата на SKF мора да обезбедуваат значителни придобивки за животната средина за да бидат дел од портфолиото BeyondZero на SKF.



    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места низ светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

SKF logo