SKF започнува со испораки за моделот Volvo S60L произведуван во Кина

  • Сторија

    2013 октомври 30, 13:00 CET

    Гетеборг, Шведска, 30 октомври 2013 година: Денес, SKF соопшти дека ќе започне да врши испораки во согласност со договорот со Volvo Car Corporation во Кина. Договорот се однесува на испораката на лежишни единици со главчина (HBU) и единици со лежиште за амортизери MacPherson (MSBU) за новиот модел на автомобил Volvo S60L што ќе се произведува во новата фабрика на Volvo во Ченгду, Кина.

    „SKF и Volvo имаат цврста глобална соработка и долга историја на партнерство. Истата тесна соработка сега се одвива и меѓу нашите тимови во Кина. Со цел да бидеме силен инженерски партнер и да поддржуваме клиенти како Volvo и нивниот раст во Кина, применивме локални, технички и инженерски обучени ресурси, вклучувајќи и дизајн и развој на производи, тестирање и валидација, како и лаборатории за глобални стандарди и центар за истражување производи токму овде, во Кина. Целосно сме подготвени да ги опслужуваме нашите клиенти во насока на нивното проширување на овој брзорастечки пазар“, вели Торстен Нордгрен, директор на SKF Automotive Asia.

    Минатата година, SKF ја најави инвестицијата во нов комплекс и автомобилска фабрика за производство на лежишни единици со главчина од трета генерација (HBU) и за единици со лежиште за амортизери MacPherson (MSBU). Оваа инвестиција му овозможува на SKF да го зголеми локалниот капацитет за поддршка на растот на Volvo и на другите клиенти од автомобилската индустријата во Кина. Новата фабрика во Џиадинг/Шангај ќе биде целосно функционална во 2014 година.

    SKF обезбедува лежишни единици со главчина и единици со лежиште за амортизери MacPherson за моделот на автомобил Volvo S80L во Кина
    од 2007 година. Сега, SKF ќе започне со испораки и за новиот модел на автомобил S60L. Двата модела на автомобили се специјално приспособени за кинескиот пазар.


    Aktiebolaget SKF
    (публикација)


    За повеќе информации, контактирајте со:
    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (2.0 MB)

SKF logo