SKF го проширува својот асортиман од енергетски ефикасни радијални топчести лежишта за поголеми електромотори

  • Сторија
    Лежиште Е2 за електромотор
    Лежиште Е2 за електромотор

    2013 ноември 04, 09:00 CET

    Гетеборг, 4 ноември 2013 година: Откако ги промовираше своите енергетски ефикасни (E2) радијални топчести лежишта во февруари 2008 година, SKF го прошири асортиманот за да ги опфати поголемите електромотори, до 350 kW (500 hp).

    „Клиентите постојано бараат начини за заштеда на енергија и за намалување на емисиите на стакленички гасови. Ова зголемување на димензиите на лежиштата E2 значи дека сега може да се остварат уште поголеми заштеди во многу апликации и индустрии“ вели Кијара Форлани, директор на маркетинг за сегментот Електромотори во SKF.

    Некои крајни корисници и производители на оригинална опрема веќе го користат новото решение и ги согледуваат придобивките од енергетски ефикасните лежишта на SKF.

    Новите димензии ќе им овозможат на сервисите да им понудат дополнителен потенцијал за заштеда на нивните клиенти.

    „Како вршител на ремонт сертифициран од SKF секогаш користам лежишта на SKF, па беше предизвик да се тестира подобрено лежиште. Евидентиравме заштеда од 150 вати кај нов мотор од 7,5kW од познат бренд; ова претставува добра заштеда за еден мал мотор. Потенцијалот за заштеда е огромен кај моторите со поголеми димензии и со користењето во секој индустриски објект. Дополнително, карактеристиките на новото лежиште E2 на SKF го зголемуваат очекуваниот работен век на моторот, што претставува уште една придобивка за нашите индустриски корисници, зацврстувајќи ја нашата вредност што потекнува од добриот глас и од кругот на наши клиенти на пазарот“, вели Мет Флечер, управен директор на Fletcher Moorland Ltd.

    Енергетски ефикасните лежишта на SKF ги намалуваат загубите поради триење за најмалку 30 отсто во споредба со стандардните лежишта на SKF. Тие се дизајнирани за апликации со лесни до вообичаени оптоварувања, како што се електромотори, пумпи, редуктори и транспортни ленти.



    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со:
    Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (658 KB)

SKF logo