Лежиштата на SKF за компресор за кисел гас траат и до десет пати подолго

  • Сторија

    2013 ноември 07, 09:00 CET

    Лежиштата драстично ги продолжуваат интервалите за одржување на компресорите за технички гасови и ги намалуваат емисиите на CO2 од горењето на гасовите.

    Гетеборг, 7 ноември 2013 година: Денес, SKF го најави вклучувањето на лежиштата на SKF за компресор за кисел гас во портфолиото BeyondZero на SKF.* Овие лежишта значително ги продолжуваат интервалите за одржување на компресорите што се користат за собирање гасна пареа. Докажани како лежишта што се отпорни на редовното изложување на кисел гас и на другите тешки услови во компресорите за технички гасови, лежиштата на SKF можат да траат и до десет пати подолго од конвенционалните лежишта.

    „Лежиштата на SKF за компресор за кисел гас ја задоволуваат итната потреба за подобрување на ефикасноста на овој вид компресор. Лежиштата за компресор за кисел гас драстично ќе ги намалат трошоците за одржување на сопствениците и ќе имаат значителен придонес за животната средина зголемувајќи го оперативното време на компресорот и спречувајќи го испуштањето на гасна пареа“, вели Ларс Калман, главен апликативен специјалист во глобалниот сегмент на SKF за течности. 

    Секоја година, индустријата за нафта и гас „гори“ или испушта околу 150 милијарди кубни метри отпадни гасови. На овој начин се испуштаат приближно 400 милиони тони CO2 или околу 1,2 % од глобалните емисии на CO2 на годишно ниво. Голем дел од овој пламнат гас сега може да се собира со помош на единици за собирање пареа или да се вбризгува повторно, но бидејќи постојните лежишта за компресори се трошат и се расипуваат за само шест месеци, се испушта премногу гас додека се врши поправката. На пример, компресор опремен со десет лежишта на SKF од овој тип може да заштеди до 670 тони емисии на CO2 годишно или до 8000 тони низ целиот работен век на компресорот.

    Одржувањето се сведува на минимум со помош на лежиштата на SKF за компресор за кисел гас, произведени од неколку материјали со високи перформанси, вклучително и новата генерација на тврд, ултра-чист челик со високо ниво на азот. Овие лежишта нудат висок степен на отпорност на удари и замор, како и врвна отпорност на корозија од кисел гас (H2S), кондензирана вода и киселински гасови (CO2) како и други агенси што предизвикуваат трошење на патеките и тркалачките елементи кај конвенционалните лежишта. 

    *Портфолиото со производи BeyondZero на SKF содржи производи што нудат карактеристики за подобрени еколошки перформанси. Производите, услугите и решенијата на SKF мора да обезбедуваат значителни придобивки за животната средина за да бидат дел од портфолиото BeyondZero на SKF.

    За повеќе информации, како и документација за намаленото влијание врз животната средина, посетете ја www.beyondzero.com. 

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.3 MB)

SKF logo