SKF нуди нова серија автоматски подмачкувачи

  • Сторија

    2013 ноември 13, 11:00 CET

    Гетеборг, 14 ноември 2013 година: SKF го најави воведувањето на серијата TLMR од автоматски подмачкувачи за стандардни апликации во тешките индустрии како што се рударската индустрија, индустријата за нафта и гас и индустријата за храна и пијалаци. Идеални за тешко пристапни или опасни точки за подмачкување, подмачкувачите TLMR се отпорни на вода, прашина и вибрации.

    Новите диспанзери за средство за подмачкување обезбедуваат притисок на испуштање до најмногу 30 бари и работат со висока надежност на температури од -25 до +70 степени Целзиусови. Подмачкувачот TLMR 101 се напојува со литиумски батерии AA со стандардна големина, додека подмачкувачот TLMR 201 користи 12 или 24-волтна еднонасочна струја. Двата модела се достапни со 120-милилитарски или 380-милилитарски лесно заменливи касети со средство за подмачкување, наменети за апликации со висока потрошувачка на средство за подмачкување.

    Подмачкувачите TLMR се инсталираат едноставно и нудат подолг работен век од конкурентските производи (до 24 месеци). Двете единици имаат код 67 за заштита од навлегување и имаат индикатори за состојбата со LED-сијаличка, известувајќи кога уредите функционираат правилно, кога е ниско нивото на маст или при појава на грешки.


    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тaрнер, +1 267 436 6836, +1 610 613 0386, Monique.Turner@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (4.2 MB)

SKF logo