Новата серија подмачкувачи SKF SYSTEM 24 TLSD обезбедува едноставно автоматско подмачкување

SKF SYSTEM 24 Електромеханички автоматски подмачкувач во една точка од серијата TLSD
SKF SYSTEM 24 Електромеханички автоматски подмачкувач во една точка од серијата TLSD

2013 ноември 15, 07:32 CET

Подмачкувачот од серијата TLSD е електромеханички автоматски подмачкувач во една точка, што обезбедува директно или далечинско подмачкување.

Гетеборг, 15 ноември 2013 година: SKF ја промовираше новата серија TLSD на електромеханичките автоматски подмачкувачи SKF SYSTEM 24. Новите подмачкувачи се со голема надежност, едноставни за монтирање и погодни за широк опсег апликации за подмачкување, за употреба во пумпи, вентилатори и уреди за дување, како и во транспортни ленти, подвижни скали и кранови. 

Робусната конструкција на новиот подмачкувач TLSD е особено погодна за употреба во апликации со високи нивоа на вибрации или со променливи работни температури; достапна е и специјална верзија за употреба во услови на ниски температури. Во сите случаи производот нуди ефективно решение за подмачкување на лежишта, вратила и вретена, помагајќи да се продолжи работниот век на машината и да се намалат трошоците за одржување.

„Подмачкувачот од серијата TLSD има висока надежност и е лесен за користење. Проѕирниот резервоар овозможува брза проверка на нивото, а погонската единица што може да се програмира нуди повеќе опции и поголема флексибилност, со многу појасен LED-екран отколку кај конкурентските уреди“, вели Гус Вилемс, инженер за развој на производи во SKF.

Подмачкувачот од серијата TLSD е самостоен уред што се состои од резервоар со средство за подмачкување и единица напојувана од батерија што може да се програмира да го нанесува средството за подмачкување во разни месечни интервали. Поврзувањето со машините се врши или преку директна монтажа или преку доводно црево, а во двата случаја со помош на стандарден навој G1/4 на крајот.

Резервоарот може да се испорача во две големини (125 мл и 250 мл) наполнет со масла или масти со високи перформанси, специфицирани од SKF. Максималниот работен притисок изнесува 5 бари.

Погонската единица има едноставен ротациски прекинувач заштитен со проѕирна пластична обвивка, овозможувајќи TLSD да се програмира за нанесување средство за подмачкување во интервали по избор. Дополнително, LED-екранот во вид на семафор со црвена-жолта-зелена боја видлив од сите агли, јасно ја покажува работната состојба на уредот.

Комплетите за полнење и подмачкувачот TLSD не се нудат/продаваат/користат во Германија, Франција или во САД.

Aktiebolaget SKF
(публикација)

За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тaрнер, +1 267-436-6836; +1 215-801-8722; monique.turner@skf.com

SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места низ светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.757 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.


SKF logo