SKF ја доби наградата „Добавувач на годината 2013“ од GROUPAUTO International во категоријата Логистика

2013 ноември 15, 12:00 CET

На конвенцијата за добавувачи организирана од реномираната трговска група за резервни делови за моторни возила GROUPAUTO International, којашто се одржа во Палма де Мајорка од 22 до 24 октомври, SKF ја доби престижната награда „Добавувач на годината 2013“ во категоријата Логистика.

По втор пат во 3 години, SKF добива признание како извонреден добавувач од GROUPAUTO International.

SKF е партнер на GROUPAUTO International речиси 20 години и има придонесено за успехот на нивната мрежа. Цел на соработката отсекогаш било да се комбинира професионализмот на мрежата GROUPAUTO International со моќта на големиот бренд SKF. Партнерството се зајакнуваше со секоја измината година.

Кристер Сидервал, директор на глобалниот сегмент на SKF за резервни делови за возила, вели „Партнерството меѓу GROUPAUTO International и SKF е совршена комбинација од два силни бренда кои го претставуваат „најдоброто во класата“ во дистрибуцијата за моторни возила и во производството на квалитетна оригинална опрема, соодветно. Оваа награда е една од најпрестижните во индустријата за резервни делови за моторни возила и претставува доказ за посветеноста на SKF кон постојаното подобрување, обезбедувајќи квалитетни оригинални делови и стремејќи се кон извонредност во испораката на производи и услуги. Логистиката на SKF како водечка во индустријата, но и тесната соработка на GROUPAUTO International со автомеханичарските сервиси се клучните елементи за нивниот успех во последните две децении“.

Како се избира „Добавувач со најдобра логистика во годината“?
Секоја земја каде што GROUPAUTO International има претставништво ги рангира своите добавувачи според повеќе однапред дефинирани критериуми, што се оценуваат од разни аспекти.
Во категоријата Логистика, добавувачите беа рангирани врз основа на достапноста на резервите, почитувањето на условите за испорака и точноста на испораката. SKF беше најдобро рангиран меѓу 47 добавувачи. Во средина во која конкуренцијата се зајакнува секојдневно, оваа награда е сведоштво за логистичката моќ на SKF.

Во последниве неколку години, SKF не се фокусираше само на проширувањето на своето портфолио со производи и на покриеноста на пазарот за резервни делови за возила, туку и на обезбедувањето сеопфатна поддршка за задоволување на сè поголемите барања на пазарот. Оваа втора награда од еден од најголемите играчи во дистрибуцијата на резервни делови за автомобили и камиони докажува дека SKF е на вистинскиот пат...

Aktiebolaget SKF
(публикација)

За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836, +1 215 801 8722, Monique.Turner@skf.com

SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


SKF logo