Достапни се новите дворедни топчести лежишта со кос допир SKF CE

  • Сторија
    Двореднo топчестo лежиштe со кос допир SKF CE
    Двореднo топчестo лежиштe со кос допир SKF CE

    2013 ноември 18, 14:00 CET

    Гетеборг, 18 ноември 2013 година: SKF соопшти дека развил ново исплатливо дворедно топчесто лежиште со кос допир, погодно за камиони и за земјоделски примени - од ременици, главчини за вентилатори и сеалки, до фрези и други приклучни машини каде што надежните и робусни перформанси се од суштинско значење.

    Лежиштето беше неодамна промовирано на саемот Agritechnica во Хановер, Германија.

    Новите дворедни топчести лежишта со кос допир SKF CE се достапни во сериите 32 и 33 во асортиманот со дијаметар на отворот од 20 до 50 мм. Ограничениот асортиман на лежиштата CE ѝ овозможува на SKF да им понуди исплатливо решение на клиентите за барањата на конкретните апликации. Лежиштата CE се опремени со полиамидни кафези за намалено триење и бучава, стандардно зајакнати со стаклени влакна. Тие се изборно достапни и со пресувани челични кафези. 

    Дворедните топчести лежишта со кос допир SKF CE се достапни отворени или затворени со заптивки или со штитници. Отворените и затворените лежишта се димензионално заменливи и имаат иста висока носивост.

    Лежиштата со заптивки CE имаат заптивки од нитрил-бутадиенска гума (NBR) зајакнати со челик, кои умерено го притискаат внатрешниот прстен на лежиштето со цел ефикасно задржување на средството за подмачкување и спречување на навлегувањето на нечистотии. Како резултат на дополнителното триење со заптивката, лежиштата со заптивки CE имаат пониско ограничување на брзината во споредба со отворените лежишта или лежиштата со штитници.

    Лежиштата со штитници CE имаат штитници од челичен лим што навлегуваат во вдлабнатина во внатрешниот прстен на лежиштето, со цел ефикасно задржување на маста и намалување на навлегувањето на нечистотиите. Лежиштата CE со штитници имаат исто ограничување на брзината како отворените лежишта. 

    Дворедните топчести лежишта со кос допир SKF CE со заптивки и со штитници, се стандардно наполнети со маст со полиуреа (GXN) со високи перформанси.

    Отворените лежишта и лежиштата со заптивки CE се достапни во класа со нормален (CN) аксијален зазор. Лежиштата со заптивки и лежиштата со штитници се достапни во класа со зазор поголем од нормалниот (C3).


    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тaрнер, +1 267 436 6836, +1 610 613 0386, Monique.Turner@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.6 MB)

SKF logo