SKF го нуди новиот Lincoln PowerLuber 18-волтен пиштол за маст со литиум-јониумска батерија

  • Сторија
    SKF Lincoln PowerLuber
    SKF Lincoln PowerLuber

    2013 ноември 18, 14:00 CET

    Гетеборг, 18 ноември 2013 година: SKF го разви пиштолот за маст PowerLuber за професионалните сервисери. Како најнапреден пиштол за маст во својата класа, 18-волтниот PowerLuber има LCD-екран на кој се прикажуваат потрошената маст, нивото на касетата со маст, нивото на полнење и друго.

    Неговата 18-волтна литиум-јонска батерија со висока ампеража обезбедува долго работење, а неговиот
    дизајн со две брзини обезбедува извонреден тек и притисок. За да му се олесни работата на корисникот, LED-светилката на пиштолот за маст служи за осветлување кога корисникот се наоѓа под опремата или во темни места. 18-волтниот PowerLuber нуди двојна заштита на моторот со помош на термоелементот за само-ресетирање. Пиштолот за маст има црево од 91,44 сантиметри (36 инчи) со заштитна пружина за максимална пристапност и се испорачува во цврста кутија за носење.

    Неодамна беше промовиран на саемот Agritechnica во Хановер, Германија.

    Aktiebolaget SKF
    (публ.)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тaрнер, +1 267 436 6836, +1 215 801 8722, Monique.Turner@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места низ светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (2.9 MB)

SKF logo