Продолжување на работниот век на ветерните турбини со подмачкување на SKF врз основа на состојба

  • Сторија

    2013 ноември 19, 09:00 CET

    Со активно комбинирање на Системите за подмачкување и Следењето на состојбата (CMS), Подмачкувањето на SKF врз основа на состојба, на лежиштата во ветерните турбини автоматски им додава дополнително средство за подмачкување, со што се продолжува нивниот работен век.

    Гетеборг, 19 ноември 2013 година: SKF го воведува Подмачкувањето на SKF врз основа на состојба, што овозможува далечинско и автоматско подмачкување на системот со лежишта на ветерната турбина до кој пристапот е отежнат, елиминирајќи ја потребата за извршување дополнително рачно подмачкување од страна на сервисен инженер на терен.

    Подмачкувањето на SKF врз основа на состојба претставува интерфејс што овозможува врска меѓу системот за следење на состојба (SKF WindCon) и системите за подмачкување на SKF или на Lincoln (SKF Windlub). Реагирајќи на проблемите откриени од CMS, Подмачкувањето на SKF врз основа на состојба дозволува пумпата за подмачкување да започне дополнителни циклуси на подмачкување во рамки на постојниот временски циклус. Специјалистот за следење на состојба може да ги постави соодветните алармни параметри, за да се стартуваат дополнителните циклуси на подмачкување.

    Подмачкувањето на SKF врз основа на состојба му овозможува на системот WindCon на SKF да ги следи пумпите за подмачкување и компонентите, како и да ги следи нивоата на маст и состојбата на пумпите. Ако се откријат дефекти како што се празни или блокирани пумпи или оштетени доводни црева, корисниците ќе бидат известени веднаш.

    „Како дел од веќе планираната инвестиција во системите за подмачкување и во системите за следење на состојба, Подмачкувањето на SKF врз основа на состојба претставува навистина исплатливо дополнување“, вели Хари Тимермен, менаџер на производи за WindCon на SKF. „Ги соединува двата система за да се создадат нови и уникатни функции, дозволувајќи му на системот за подмачкување да реагира на мерењата извршени од системот на SKF WindCon за следење на состојба“.

    Ова рано откривање на дефекти во подмачкувањето, во комбинација со автоматското подмачкување ќе придонесе за избегнување на непотребни и непријатни постапки за одржување, што е особено важно за морските апликации. Ќе се намалат и загубите во производството и времето на застој додека се чека да се изврши интервенцијата, а ќе се продолжи работниот век на ветерната турбина и ќе се намали ризикот од последователни дефекти.

    Сите производи на SKF за индустријата за ветерна енергија се дел од портфолиото BeyondZero на SKF.*

    *Портфолиото со производи BeyondZero на SKF содржи производи што нудат карактеристики за подобрени еколошки перформанси. Производите, услугите и решенијата на SKF мора да обезбедуваат значителни придобивки за животната средина за да бидат дел од портфолиото BeyondZero на SKF.


    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.757 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
    ™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (528 KB)

SKF logo