Fiat го избра SKF за добавувач со најдобар квалитет доделувајќи ѝ ја наградата Fiat Qualitas

Награда Fiat Qualitas

2013 ноември 21, 13:00 CET

Гетеборг, Шведска, 21 ноември 2013 година: Како добавувач со најдобар квалитет, SKF ја доби престижната награда Fiat Qualitas. Наградата Fiat Qualitas им се доделува на најдобрите добавувачи на Fiat, оддавајќи им признание на компаниите за нивниот исклучителен придонес за подобрената вредност на возилата.

Тригве Стен, претседателот на SKF Automotive вели „Ова е навистина престижна награда. Претставува вистинска инспирација и докажува дека ја обезбедуваме вистинската вредност. Нашата соработка трае повеќе од 100 години и се заснова на доверба и споделени искуства. Освен оваа награда, уште еден доказ за нашето цврсто партнерство е и неодамна склучениот договор за снабдување производи за новата платформа X-UV на Fiat“.

Неодамна, SKF беше избран за испорачување единици со главчина за тркала, наменети за предните и задните тркала на четири различни модели на Fiat и Jeep од новата платформа X-UV. Вкупната вредност на овие договори се очекува да достигне околу 1 милијарда шведски круни.

Со наградата за квалитет и договорите за деловна соработка, Fiat ја потврдува експертизата на SKF за развивање решенија со оптимизирани перформанси и квалитет потребни за сите модели на возила. Друг клучен и ценет фактор е локалното присуство на SKF и поддршката за инженерството и производството со помош на силната глобална инфраструктура. Овие карактеристики се основата за постојаниот раст на оваа соработка и за развојот на иновациски и енергетски ефикасни решенија.

Производството на единиците со главчина за тркала ќе започне на крајот на 2014 година во фабриката на SKF во Аираска, Италија, а во 2016 ќе се прошири и во фабриката на SKF во Кажамар, Бразил.

Aktiebolaget SKF
(публикација)


For further information, please contact:

Телефон за медиуми:+46 31 337 2400

Односи со јавност:Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com

Односи со инвеститори:Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994;marita.bjork@skf.com



SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.



SKF logo