Робусното лежиште за кос столб на воланот обезбедува поглатко возење

Робусно лежиште за кос столб на воланот
Робусно лежиште за кос столб на воланот

2013 ноември 22, 12:00 CET

Ова иновациско решение нуди значително повисоко ниво на удобност при управувањето со возилото, со помош на нискиот и постојан момент на триење, подобрата апсорпција на вибрации и намаленото ниво на бучава.

Гетеборг, 22 ноември 2013 година: SKF го промовираше новото лежиште за кос столб на воланот за патнички автомобили и лесни камиони.

Патентираното решение беше дизајнирано специјално за најновите генерации на луксузни автомобили, возила на електричен погон, итн., а во согласност со автомобилскиот тренд за поудобно возачко доживување. За да го примени овој тренд во системот за управување, SKF ги фокусираше своите проучувања кон намалувањето на бучавата и вибрациите што се пренесуваат од патот до возачот.

Иновацискиот дизајн на ова ново робусно лежиште за кос столб на воланот ја заменува стандардната брановидна пружина со ново патентирано решение од гума.

Оваа промена резултираше со значително намалување на варирањето на моментот и придонесе за чувство на поголема удобност при управувањето.

Карактеристики:
• 20 % намалување на просечниот вртежен момент
• 80 % намалување на варирањето на вртежниот момент
• Пониско ниво на бучава (–7/8 DbA)
• Нов патентиран дизајн на лежиште
• Оптимизиран преднапрегнат систем
• Можност за приспособување (спроводливост, форма на отворот, димензија)

Придобивки:
• Глатко управување со мала примена на сила
• Подобрена удобност при возењето од аспект на бучава и вибрации

Aktiebolaget SKF
(публикација)

За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836, +1 215 801 8722, Monique.Turner@skf.com

SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.



SKF logo