Навлаката против корозија за лежишни единици со главчина ја спречува површинската корозија

  • Сторија

    2013 ноември 22, 12:00 CET

    Модуларно решение за заштита од корозија за лежишни единици со главчина, што го олеснува процесот на демонтирање, го продолжува работниот век и го подобрува изгледот на возилото.

    Гетеборг, 22 ноември 2013 година: SKF соопшти дека развила иновациско решение за заштита на лежиштето на тркалото од корозија. Навлаката против корозија за лежишни единици со главчина го олеснува демонтирањето на лежиштето од зглобот и обрачот. Ја подобрува естетиката на лежиштето низ работниот век на возилото и истовремено спречува контакт на 'рѓосани површини со заптивките, со што ја одржува нивната ефективност.
    Оваа навлака против корозија е дизајнирана да издржи 400-часовно тестирање со нанесување сол (DIN EN ISO 9227 NSS) без да се загрозат геометриските толеранции на единицата со главчина.

    Оваа навлака против корозија може да се нанесува на сите лежишни единици со главчина со прирабница од втора и трета генерација, а се одликува со:
    - Приспособлива дебелина на слојот, според барањата на клиентот
    - Висока толеранција на дебелината на слојот
    - Максимална работна температура над 200°C
    - UV-боја

    Придобивки за клиентите од лежишната единица со главчина и нејзината заштита од корозија:
    - Голема отпорност на корозија
    - Подобар изглед на лежиштето низ работниот век на возилото
    - Полесно демонтирање во автомеханичарскиот сервис
    - Понизок ризик од кородирање на заптивките на лежиштето
    - Мало изместување од центарот на надворешната прирабница
    - Висока флексибилност во одлучувањето кој дел од лежиштето треба да се
    заштити
    - Не се компромитира животната средина (боја на база на вода)
    - Соодветна за производи со нов дизајн и за модифицирани производи
    - Можност за користење разни нијанси на бои.

    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836, +1 215 801 8722, Monique.Turner@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.





  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.7 MB)

SKF logo