Модулот на SKF за поддршка на вентилатор на мотор ја зголемува надежноста и го намалува вкупниот трошок

  • Сторија

    2013 ноември 26, 14:00 CET

    Гетеборг, 26 ноември 2013 година: SKF сега го има Модулот за поддршка на вентилатор на мотор, интегрирана единица за ладење мотори на камиони. Дел од придобивките се големата робусност, малата тежина и намалените апликативни трошоци.

    Комбинирајќи го целото свое инженерско знаење, SKF нуди оптимизирано робусно решение што ги задоволува големите барања на системите за ладење мотори.

    Новите технологии, како што се турбо полначите со две фази на полнење, системите за гориво под висок притисок и високата рециркулација на издувни гасови се потребни за усогласување на камионите со новите прописи за намалени емисии на издувни гасови. За овие технологии е потребно ефикасно ладење на моторот.

    Модулот на SKF за поддршка на вентилаторот на моторот ја задоволува оваа потреба и ги намалува трошоците благодарение на тоа што се користат помалку компоненти и добавувачи. Урамнотеженото ротациско куќиште има зголемена крутост со цел подобро справување со вибрациите и високите оптоварувања, како и заштита на компонентите.

    Придобивки од Модулот на SKF за поддршка на вентилатор на мотор:
    – Оптимизација на триењето и масата
    – Робустност и надежно работење
    – Најдобар сооднос на трошок и перформанси
    – Стандардно портфолио со лежишта за поддршка на вентилатор

    Модулот на SKF за поддршка на вентилатор на мотор се произведува во Лихов, Германија, а го дистрибуираат овластени дистрибутери.

    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836, +1 215 801 8722, Monique.Turner@skf.com

    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2011 година изнесуваше 66.216 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.039. www.skf.com

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (1.2 MB)

SKF logo