SKF доби Награди за квалитет за 2013 година од General Motors

2013 ноември 26, 13:00 CET

Гетеборг, 26 ноември 2013 година: General Motors му додели признанија на SKF за некои од највисоките нивоа на квалитет во текот на изминатите 12 месеци.

„Овие награди од GM претставуваат големо признание за нас. Секогаш работиме напорно за постојано да ги подобруваме нашите перформанси и ефикасност, со цел да ги исполниме барањата на нашите клиенти. Ова признание е доказ дека ја обезбедуваме вистинската вредност“, вели г. Тригве Стен, претседател на SKF Automotive.

Ова е втора година во која GM им доделува признанија на добавувачите кои имаат значителен придонес за целта на GM да го обезбеди најдоброто севкупно доживување за клиентите во индустријата за моторни возила. Наградата Добавувач со извонредност во квалитетот за првпат им беше доделена на SKF do Brasil Ltda, SKF Sealing Solutions Korea Co., Ltd. и SKF GmbH.

„Наша секојдневна цел е да бидеме врвен добавувач, обезбедувајќи ниво на квалитет и перформанси што се соодветни на очекувањата на клиентот. Наградата за исполнувањето на нашите ветувања е престижна и инспиративна. Ни претставува чест што добивме вакво признание од GM“, вели г. Амадео Комин, раководител на сегмент во фабриката LAM на SKF do Brasil.

„Ова е втората награда што ја добивме од GM оваа година, покрај наградата Добавувач на годината 2012. Ни претставува големо задоволство што знаеме дека ги исполнуваме или ги надминуваме очекувањата на GM. Ова значи дека сета наша напорна работа за да им ја обезбедиме вистинската вредност на нашите клиенти, дава резултати. Се гордееме со нашата работа и го следиме начинот на работа за деловна извонредност на SKF“, вели г. Јонгџун Хар, управен директор на SKF Sealing Solutions - Кореја.

„Со постојаната примена на деловната извонредност и нејзините методи за ефикасно производство со намалени трошоци, можеме да ги исполнуваме и да ги надминуваме очекувањата за квалитет на GM. Ни претставува задоволство да добиеме вакво признание за постојаното подобрување на нашите процеси“, вели г. Штефан Хан, управен директор на SKF GmbH - Леверкузен, Германија.

Наградата на GM за Добавувач со извонредност во квалитетот се фокусира на подобрување на соработката со добавувачите. Наградените добавувачи исполнија повеќе од 12 критериуми за квалитет во текот на 12-месечниот период што заврши на 30 јуни.

„SKF одигра клучна улога за успехот на GM во 2013 година со својата посветеност, иновативност и заложби за постојано надминување на нашите очекувања, навремено обезбедувајќи висококвалитетни производи и услуги и создавајќи исклучителна вредност“, изјави Грејс Либлајн, потпретседател на GM, Глобален синџир за снабдување и набавки.

SKF обезбедува решенија со лежишта и заптивки за GM, за голем број различни апликации како што се тркала, систем за потпирање, системи за управување, трансмисија, мотор и е-погонски агрегати.

Aktiebolaget SKF
(публикација)

За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Моник Тарнер, +1 267 436 6836, +1 215 801 8722, Monique.Turner@skf.com

SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.

За General Motors Co.
General Motors Co. (NYSE:GM, TSX: GMM) и неговите партнери произведуваат возила во 30 земји, а компанијата има водечки позиции во најголемите и најбрзо растечките пазари за моторни возила во светот. GM, неговите филијали и претпријатија со заедничко вложување продаваат возила од марките Chevrolet, Cadillac, Baojun, Buick, GMC, Holden, Isuzu, Jiefang, Opel, Vauxhall и Wuling. Повеќе информации за компанијата и нејзините филијали, вклучително и за OnStar, глобален лидер во услугите за информации, безбедност и сигурност на возилата, може да се најдат на http://www.gm.com.



SKF logo