SKF го назначува Кент Витанен за потпретседател на Group People & Business Excellence

  • Сторија

    2013 ноември 29, 14:00 CET

    Гетеборг, Шведска, 29 ноември 2013 година: SKF соопшти дека Кент Витанен бил назначен за потпретседател на Group People & Business Excellence Тој ќе поднесува извештаи до Том Џонстон, претседател и главен извршен директор на SKF, а ќе биде и член на Раководството на групацијата SKF.

    Тој ќе започне со работа на оваа нова позиција од 1 јануари, 2014 г. на местото на Ева Хансдотер, која ќе ја напушти групацијата SKF за да ја заземе позицијата Директор за човечки ресурси во Stena Rederi AB.

    Кент Витанен дојде во SKF во 1988 година и во моментов е директор на сегментот за обновлива енергија на SKF. Тој имал неколку глобални раководни позиции, главно во областа на производството, меѓу кои и позицијата Директор за човечки ресурси на поранешната индустриска дивизија на SKF. 



    Aktiebolaget SKF
    (публ.)


    За повеќе информации, контактирајте со:

    Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
    Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
    Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


    SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (5.0 MB)

SKF logo