Соопштение за промена на вкупниот број гласови во AB SKF

2013 ноември 29, 11:00 CET

Гетеборг, 29 ноември 2013 година: Поради конверзии на акции од серија A кон серија Б во согласност со Статутот на компанијата, AB SKF го потврдува следново. Од 29-ти ноември, акционерскиот капитал на компанијата изнесува 1 138 377 670 шведски круни, а вкупниот број на акции изнесува 38 758 266 акции од серија A и 416 592 802 акции од серија B. Бројот на гласови во компанијата изнесува 80 417 546. AB SKF не поседува сопствени акции.

Aktiebolaget SKF
(публ.)


За повеќе информации, контактирајте со:
Телефон за медиуми: +46 31 337 2400
Односи со новинари: Ребека Јанзон, +46 31-337 3880; +46 727-173 880; rebecca.janzon@skf.com
Односи со инвеститори: Марита Бјорк, +46 31-337 1994; +46 705-181 994; marita.bjork@skf.com


Согласно Законот за пазари на хартии од вредност и/или Законот за тргување со финансиски инструменти, AB SKF е должен да ги објави информациите наведени овде. Информациите беа поднесени за објавување во 11 часот на 29 ноември 2013 г.


SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработени изнесуваше 46.775. www.skf.com 

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.
™ BeyondZero е заштитен знак на SKF Group.


SKF logo