Ласерскиот виброметар на SKF нуди мерење на вибрации без контакт

  • Сторија
    Ласерски виброметар MSL-7000
    Ласерски виброметар MSL-7000

    2013 декември 02, 09:00 CET

    Без-контактниот сензор за вибрации им нуди нови на инженерите можности за следење на состојбата во широк опсег апликации, како што се вентилатори, електромотори, пумпи и апарати за домаќинство.

    Гетеборг, 2 декември 2013 година: SKF го промовираше ласерскиот виброметар MSL-7000, дигитален, интегриран виброметар со едно куќиште што беше развиен специјално за мерење вибрации без контакт. MSL-7000 на сервисните инженери им нуди напреден, флексибилен и робустен инструмент за собирање информации од мерењата на вибрациите во голем број различни апликации на терен.

    Со развивањето на MSL-7000 се задоволува потребата на сè поголем број клиенти кои сакаат да спроведуваат финално тестирање на бучавата на нивните производи, а особено за апликациите „подложни на бучава“ како што се вентилаторите, електромоторите, пумпите и апаратите за домаќинство. Неговиот дизајн е лесен за интегрирање во системи за тестирање и во постојни системи за контрола и опфаќа звучни мерења од 0,2 Hz (за бавни ротации) до 22 kHz. MSL-7000 може да се користи и за следење на состојбата во движење, заедно со серијата Microlog на SKF, овозможувајќи мерења без контакт што не можеа да се вршат претходно, како што се мерења на жешки површини и преку стакло.

    „Ласерскиот виброметар на SKF може да им помогне на клиентите на кои им треба напредно и флексибилно мерење на вибрациите, без разлика дали вршат проверка на квалитетот на модифицираната опрема или вршат мерења на вибрации на тешко достапни локации“, вели Вернер Палмецхофер, генерален директор на Центарот за следење на состојба во Штаер, Австрија.

    Робусниот и компактен дизајн на виброметарот MSL-7000 со едно куќиште овозможува лесна инсталација и лесно ракување, а бидејќи со него се вршат мерења без контакт, овој инструмент е значително помалку подложен на трошење, што го прави ефикасен и исплатлив.

    Моделот MSL-7000 беше развиен за да се користи самостојно за финална проверка или заедно со производите за следење на состојба на SKF, на пр. со семејството Microlog на SKF составено од преносни инструменти за мониторинг на вибрации и за собирање податоци, нудејќи им дополнителна вредност на сите клиенти. Дополнително, достапен е и пакетот MSL 7000C за употреба на лаптоп-компјутер со софтверот FPM на SKF со картичка за собирање податоци во движење.

    За повеќе информации, посетете ја skf.com/lasersensor


    Aktiebolaget SKF
    (публикација)

    За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

    SKF е водечки глобален добавувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

    ® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.

  • Слика

Преземете го промотивниот материјал за медиуми

Промотивен материјал за медиуми (198 KB)

SKF logo