SKF претставува ефикасни решенија за поморскиот сектор на Marintec 2013

2013 декември 02, 13:00 CET

Гетеборг, 2 декември 2013 година: SKF ќе претстави зголемено портфолио со производи на Marintec 2013 во Шангај, од 3 до 6 декември. За прв пат откако ја презеде Blohm + Voss Industries (BVI) годинава, SKF ќе ја претстави својата целосна понуда за поморската индустрија.

„Со преземањето на BVI, нашето портфолио со производи и услуги за поморската индустрија се зголеми значително. Производите на Blohm+Voss Industries го надополнуваат нашиот асортиман од производи и услуги за поморската индустрија на многу корисен начин, во согласност со нашата стратегија за поморската индустрија. Заедничкото портфолио и експертизата за развој на двете компании ќе ни дозволи да извршиме конкретно приспособување на еден широк и интегриран асортиман од производи за клиентите“, вели Томас Фрост, директор на SKF Focused Industries

Освен веќе воспоставените производи и услуги на двете компании, ќе се промовираат и нови производи коишто на овој саем ќе имаат фокус претежно на новата генерација заптивки SIMPLEX-COMPACT (SC3).

SKF Blohm + Voss Industries е еден од водечките производители и даватели на услуги за квалитетна опрема за критични апликации во поморскиот сектор. Меѓу другото, тука спаѓаат и компоненти за вратила (заптивки и лежишта), системи за стабилизација, кормиларски уреди и раздвојувачи на вода од бродско дно. SKF го снабдува поморскиот пазар со тркалачки лежишта, спојки и системи за подмачкување, како и со повеќе услуги.

„Низ годините, Blohm + Voss Industries разви светска мрежа од специјализирани претставници за продажба за поморската индустрија, со одличен пристап до пазарот. Благодарение на оваа мрежа, SKF има одлична можност за ефикасна промоција на своите производи пред бродоградилиштата и бродските компании во светот. За возврат, SKF ги зголемува присуството и можностите за пласман кај голем број производители на системи за пропулзија, на пр. оние што произведуваат целосни погонски единици како што се погонските модули за пазарот“, вели Давид Јохансон, шеф за развој на поморскиот бизнис на SKF.

Покрај продажната мрежа, SKF Blohm + Voss Industries има и голема мрежа од сервисни центри што се грижат за одржувањето и поправката на инсталираните компоненти.
Со помош на поморските претставништва на SKF околу светот и шесте илјади овластени дистрибутери, целото портфолио со производи и услуги на SKF за поморската индустрија сега уште повеќе се приближува до нашите клиенти.

www.skf.com/marine
www.bv-industries.com


Aktiebolaget SKF
(публикација)

За повеќе информации, контактирајте со: Односи со новинари: Ниа Килстром, +46 31-337 2897; +46 706 67 28 97; nia.kihlstrom@skf.com

SKF е водечки глобален снабдувач на лежишта, заптивки, мехатроника, системи за подмачкување и услуги во кои спаѓаат техничка поддршка, услуги за одржување и надежност, инженерско советување и обуки. SKF има свои претставништва во повеќе од 130 земји и околу 15.000 продажни места во светот. Годишниот приход од продажбата во 2012 година изнесуваше 64.575 милиони шведски круни, а бројот на вработените изнесуваше 46.775. www.skf.com

® SKF е регистриран заштитен знак на SKF Group.


SKF logo